Модна писта: Шанел, висока мода, пролет 2013
•
9 мај 2013
Карл Лагерфелд ја прикажа мрачната страна на престижната модна куќа Шанел преку новата колекција на висока мода наменета за сезоната пролет 2013. А новите Шанелови креации тој ги претстави преку своевиден моден перформанс во парискиот Гранд Пале чија внатрешност ја претвори во дива шума со патеки по кои чекореа манекенките. На ревијата доминираа парчиња од твид и шифон, со детали од пулејки и пердуви и креации со нагласени раменици и истакнат врат. Во однос на боите и шарите доминираат белата и сивата, како и цветниот дезен.