Надреалистична слика на слободниот дух на океанот - генијална кампања на Кензо

23 јануари 2014

Неверојатно креативна, новата рекламна кампања на Кензо ги освои симпатиите на мнозинството. Позитивна, колоритна и со генијално налудничава идеја, надреалистично да се претстави слободниот дух на океанот.

Токму таков е резултатот од повторната соработката на авангардните уметници кои стојат зад магазинот Toilet Paper, Маурицио Кателан и Пјерпаоло Ферари со Кензо за маркетиншката презентација на колекцијата пролет-лето 2014. Ништо невообичаено за етикетата, напротив еклектичниот израз, ексцентричната тема и надреалната претстава е продолжение на она што Кензо го прави изминативе сезони во комерцијалната слика за своите колекции.

Пролетните парчиња се во целосна симбиоза со основната тематика на кампањата:  боите на океанот, принтови од морскиот свет и слобода во линијата на кострукцијата, a  супермоделите Девон Аоки  и Пол Бош се задолжени за нивното оживување пред објективот.

 

 

 

 

Објавено:
23 јануари 2014
Категорија: 
Колекции