Најтоплите ќебиња што ви требаат оваа зима

21 декември 2016

Зимата дефинитивно е едно од најубавите годишни времиња во кое уживаме во топлината на нашиот дом и празниците кои се чести во овој период од годината.

За уште поубава атмосфера, оваа зима стоплете се со најслатките ќебиња кои некогаш сте ги виделе, а кои се омилени во студената сезона.

Токму без нив не можеме да го замислиме гледањето филм или пиењето топол чај покрај прозорецот, па во вашиот дом мора да имате неколку во различни големини и дезени.

Се чини најубавите годинава ги има во понудата на популарниот бренд Oysho кој досега е познат по исклучително квалитетните пижами и долна облека кои се едни од најпопуларните.

Нивните нови ќебиња со детали како шепи што ќе ви ги згреат рацете, или пак качулки за главата се нешто во што гарантирано ќе уживате оваа зима.

Што се однесува до боите, тие дефинитивно ги имаат најубавите меѓу кои и сива и бела кои се едни од најпосакуваните кога станува збор за ентериерот сезонава.

Заедно со прекрасните и топли ќебиња доаѓа и торбичка со која ќе можете да го пренесете истото на вашите омилени зимски дестинации.

Ова дефинитивно е идеален додаток за сечиј дом, но и одличен подарок за магичните празници. 

Објавено:
21 декември 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
573 пати