Нашата Катарина Ивановска во новата кампања на Levi's

16 септември 2013

Откако Левис започнаа да креираат џинс и за жени, тие се грижат не само добро да им стојат на жените, туку и добро да се чувствуваат во нив, кога ги носат. Во најновата колекција на брендот Levi's Revel за есен-зима 2013/14 Катарина Ивановска е една од заштитните лица. Во рекламната кампања се истакнува токму добриот облик и комфорноста што ја дава џинсот, поради својата еластичност, што пак е заслуга на посебната техника на ткаење со која се добива материјалот.

Во продолжение погледнете ја галеријата со Катарина, како и видеото за колекцијата.

LevisRevel1000x645Main2

Објавено:
16 септември 2013
Категорија: 
Колекции