Новата колекција на Тејлор Свифт за Кедс повикува на забава и храброст!

8 февруари 2014

Русокосата пејачка Тејлор Свифт е полн погодок за брендот Кедс! Таа едноставно изгледа како манекенка, успешна е на музичко поле и со себе нови милиони фанови, па токму поради тоа не треба да не чуди што овој американски бренд од сезона во сезона го обновува договорот што ја обврзува Тејлор на нови колекции.

Прекрасната пејачка штотуку ја лансираше новата колекција за пролет/лето 2014, проследена со ултра весела и свежа кампања со прекрасни бои.

Популарните патики Тејлор ги обои во нејзините омилени бои, па така нејзините обожавателки ќе можат да бираат помеѓу црвени, сини, беж и розови или пак ќе можат да одберат жолти со интересни детали.

Што се однесува до парчињата облека, Тејлор овојпат ни подготви шармантни и лесни кошули и маичики во пролетни бои и секако, не ги заборави ниту нејзините омилени куси панталончиња во тексасна, црна и розова варијанта.

Објавено:
8 февруари 2014
Категорија: 
Колекции