NYFW: Бекам и Ванг го одбележаа викендот

16 февруари 2015

Glavna

Модната недела во Њујорк е во најголем ек. Изминатиов викенд беше исполнет со познати и докажани модни имиња, па странските медиуми имаа многу работа, особено кога се првите редови на ревиите во прашање.

Сабота: Црната колекција на Ванг

Најголемо внимание привлече ревијата на Александар Ванг и неговите гости. Во првиот ред беше двојката Ким-Канје, со малата Норт Вест, која и овој пат не издржа да не се расплаче. До нив беше раперката Ники Минаж, облечена во транспарентен фустан и видлива долна облека, која се трудеше да го игнорира звукот што го произведува ќерката на познатата двојка.  Но, покрај со солзите, Норт Вест го првилече вниманието и со модната комбинација – црно фустанче и кожена јакна со потпис на Ванг, во која изгледаше како вистинска мала модна икона.

Ники Минаж со Зои Кравиц

Што се однесува до ревијата, Ванг остана доследен на себе и овој пат во колекцијата вклучи елементи од повеќе декади. Забележливо е присуството на 1980-тите, но и романтичарскиот период, како и викторијанскиот. Сите манекенки имаa „мокри“ фризури и намуртени лица, а колекцијата речиси комплетно црна. Дизајнерот се водел според вкусот и побарувачката на клиентите: „Ако тие сакаат црно, зошто да не им го дадам тоа“, вели Ванг.

Alexander Wang

Alexander Wang

Alexander Wang

Alexander Wang

Alexander Wang

Последните неколку креации беа од транспарентен материјал во беж боја, што веруваме дека посебно ѝ се допаднале на Ники Минаж. Строгите кроеви, комбинацијата на кожа со други материјали и масивните обувки се она што доминираше и што Ванг го поставува како тренд за зима 2015/16.

Alexander Wang

Alexander Wang

Alexander Wang

Саботната агенда во Њујорк покрај другите ги опфати и ревиите на брендот Мара Хофман, Ерве Леже, некогашниот омилен бренд на Ким Кардашијан, младиот дизајнер Кристијан Сиријано  и Алтузара.

Недела: Моќта на минимализмот на Викторија Бекам

Следниот ден пак, започна со Викторија Бекам. Странските медиуми се преплавени со фотографии од среќното Бекам семејство, кое и овој пат ја проследи ревијата во друштво на Ана Винтур. Сите облечени во црно, ја поддржаа нивната Викторија, која пак на пистата уште еднаш ја претстави моќта на минимализмот.

Ана во друштво со нејзината ќерка

И дизајнерката ги слушала желбите на нејзинте клиенти, па ревијата започна со фустан, а ова парче беше и едно од доминантните. Ова всушност беше навраќање и кон првата колекција на Бекам, но сега во еден сосема нов, пософистициран моден израз. Ако тогаш беше изразен сексапилот, сега е авангардата со нагласена женственост.

Victoria Beckham

Victoria Beckham

Victoria Beckham

Victoria Beckham

Асиметријата беше присутна, како и „извртеното“ парче во пределот на половината кај повеќето парчиња. Особено ни се допаѓаат широките панталони до глужд, како и волуменозните капути со странично врзување. Кога се обувките во прашање, нејзиниот избор беа чизми до средина на листот. Така, од една страна со дел од креациите беа потенцирани облините на телото, но од друга тоа се ублажуваше со волуменозноста и широчината на други.

Victoria Beckham

Victoria Beckham

Неделната програма на модната недела ги вклучуваше и ревиите на брендот DKNY, Дијан фон Фурстенберг и Прабал Гурунг.

Во продолжение погледнете го нашиот избор од викенд агендата на њујоршката модна недела:

Алтузара Алтузара

Алтузара Алтузара

Дијан фон Фурстенберг Дијан фон Фурстенберг

Дијан фон Фурстенберг

DKNY DKNY

DKNY DKNY

Ерве Леже Ерве Леже

Ерве Леже Ерве Леже

Кристијан Сиријано Кристијан Сиријано

Кристијан Сиријано Кристијан Сиријано

Мара Хофман Мара Хофман

Мара Хофман Мара Хофман

Прабал Гурунг Прабал Гурунг

Прабал Гурунг Прабал Гурунг

Објавено:
16 февруари 2015
Категорија: 
Колекции