Ако Канје Вест и неговата спортска облека го одбележаа првиот ден од модната недела во Њујорк, вториот ден помина во знакот на женствените креации и принтовите.
Вес Гордон понуди андрогени носливи креации, каде доминираа црната и сивата боја. Џејсон Ву се одлучи за софистицирани креации, со крзно. Кај Моник Лулие најмногу беа застапени свечените модели, изработени од тантелата и материјали со принтови, а посебно внимание привлекоа долгите тоалети.
Ребека Минкоф, Тања Тејлор, Цимерман и Суно имаа комбинација од спортско елегантни парчиња, со мешање на принтови и стилови. Така, можевме за момент да се вратиме во 1970-тите и 1980-тите, но со микс од актуелните трендови.
Во продолжение погледнете го нашиот избор од вчерашниот ден од њујоршката модна недела: