Шанел

За претстојната сезона есен-зима2013-14, Шанел се одлучи да презентира модели со нота на панк, еден од водечките трендови.

Колекцијата е окарактризирана како темна и по однос на боите и материјалите, а и моделите. Карираните мотиви искомбинирани со кожа, твид и мохер ги прават моделите разиграни и покрај темните бои.

Критичарите велат дека во оваа колекција видливо е и повеќе од било кога се чувствува влијанието на Карл Лагерфелд. Дури и се прашуваат дали на Коко би и се допаднала оваа колекција.

Сепак, наведуваат дека ова е една од колекциите што го диктираат трендот, па погледнете во продолжение што смислија Лагерфелд и Шанел за оваа есен.

 

Објавено:
21 август 2013
Категорија: 
Колекции