Гема Колинс ја придоби целата американска нација со нејзините елегантни и гламурозни костими за капење во шоуто Splash на Том Делеј.
Сега, plus size моделот Гема Колинс лансираше линија на фустани за Св.Валентин што таа самата ги презентираше. Сите фустани од колекција се исклучително елегантни и сосема пристојни, а таа ги носи подобро од било кој.
Според неа, сите фустани се совршени и како создадени за романтичен состанок за Денот на вљубените.
Презентирајќи ги самата своите парчиња од колекцијата, таа на жените им покажува како да бидат секси и женствени за романтичниот ден.
За црвениот фустан од колекција, што се чини дека остави најголем впечаток кај сите, Гема појаснува:
„Ова е едноставен, но стилски фустан чија линија одлично го следи телото, а тантелата од која е направен го прави навистина магичен“, вели дизајнерката.
Цените на фустаните од колекцијата се движат од 40 па сѐ до 75 американски долари.
„Во оваа колекција има по нешто за сечиј вкус. Од лежерни и едноставни фустани, па се до онакви направени од секси тантела во која секоја девојка може да се забавува на Денот на вљубените“, вели Гема.