Она што мора да се признае, е тоа дека мажите дефинитивно ќе имаат што да носат оваа есен! Новата колекција на H & M за мажи изгледа пософистицирано и шик од кога и да е.
Есенската колекција на популарниот шведски бренд вклучува неверојатно модерни парчиња, претежно во есенски бои и тоа кафена, сива, црна, зелена и темно црвена боја.
Во истата ќе видите интересни и топли џемпери, панталони со супер крој, модерни машки јакни, кошули и супер модерни, модни додатоци во кои се вклучени капи, марами, шалови и кожни ремени.
Значителен фокус дизајнерите овој пат ставиле на плетените работи, со оглед на тоа дека секако се работи за есенска колекција.
Па така, во истата ќе видите супер топли и модерни џемпери, што најверојатно ќе биде обележјето на модерниот маж оваа есен и зима.