Празници се ближат: Новата божиќна колекција на Zara Home ќе ви ги стопли срцата!

4 ноември 2014

Загревањето за претстојните новогодишни и божиќни празници веќе е во полн ек, а конечно е објавен и празничниот едиторијал на Zara Home.

Ноември е месец кога речиси сите светски брендови започнуваат со нивните празнични кампањи и понуди, а зад нив секако не заостана и одличната Зара со колекцијата за домот.

Новата кампања на брендот ни раскажува една приказна за среќно семејство кое што ги минува празниците во една идилична атмосфера на село, окружени со нивните пријатели и одличната понуда од шпанскиот гигант.

Во нивната понуда можеме да видиме неодоливи детали за уредување во домот, почнувајќи од украси за елката, венци за на врата, чинии, чаши, па сѐ до слатки пижами, постелнина и ситни детали за во бањата.

Во новата колекција преовладуваат металик нијанси како сребрена и златна, неутрални бои како крем и секако, задолжителната црвена.

На оваа понуда навистина е тешко да се одолее, а покрај тоа што ќе сакате со истата да си го украсите домот, слободно можете некого и да изненадите со прекрасен подарок поставен пред вратата!

Објавено:
4 ноември 2014
Категорија: 
Колекции