Радувајте им се на сончевите денови со колекцијата на Москино за пролет/лето 2014

18 септември 2013

Прекрасната нова колекција Cheap&Chic на Москино за пролет/лето 2014 израдува голем број фанови ширум светот. Истата изобилува со исклучителна палета на бои и парчиња што воодушевуваат.

Неговата колекција прави да се радуваме на деновите без капути, чизми и дебели џемпери на кои многу наскоро ќе бидеме сведоци.

Во колекцијата изобилуваат розевата, жолтата и зелена боја, а како неочекуван моден детаљ, модната куќа Москино ги воведува пердувите со кои ги украси чевлите, здолништата, панталоните и краевите на фустаните.

Суперзабавната колекција е сочинета и од торби со екстра младешки изглед како оние во облик на коктел со натписите Party и Muse, кои сигурно ќе ја одушеват младата популација.

Атмосферата во која е направена оваа фотосесија, а која изобилува со палми, мајмуни, фламингоси и банани на дување, едноставно повикува на забава во Москино стил.

Објавено:
18 септември 2013
Категорија: 
Колекции