Младата дизајнерка Јована Филиповиќ пред неколку месеци го отвори новото ателје и ја претстави новата, Ресорт колекција, а сега ја претставува фото-сесијата за неа.
За потсетување, колекцијата содржи 18 парчиња, едноставна е и нослива. Инспирацијата на дизајнерката е современата жена, која е активна 24 часа. Токму затоа, се потрудила да создаде колекција составена од парчиња кои можат да се носат во текот на целиот ден и за повеќе пригоди.
Покрај минималистичката естетика, Јована е препознатлива по тоа што при изработката употребува природни материјали, што е случај и овој пат.
Зад фотосесијата се потпишува Виктор Наумовски, модели се Тања Димовска и Ангела Блажева, а шминката и фризурата се дело на Игор Марков.