Во рамки на првиот ден од Модната недела на Висока мода во Париз, својата колекција ја прикажа и францускиот бренд „Скијапарели“
Даниел Роузбери стои зад креативниот дел на модната куќа, која е препознатлива токму по креациите од Висока мода.
Конкретно за оваа, Роузбери се инспирирал од Елза Скијапарели, поточно од комбинациите што таа ги носела додека дизајнирала во нејзиното студио, а потоа и од оние кои ги носела на нејзините прочуени надреалистички забави.
Тој контраст на интровертност и екстроверност, од една крајност во друга, му изгледал привлечен, па одлучил да го имплементира во 2020 година.
Но, паралелно со тој дуализам, тој се инспирира и од една постара фото-сесија на Ел Мекферсон за „Спортс Илустрејтед“, каде носи црн костим за капење. Тој ќе му послужи како „основа“ за дел од новите креации, а особено ќе го препознаете во креацијата со огромно волуменозно здолниште и горен дел токму како споменатиот костим.
Инаку, дизајнерот прави и неколку фантастични светкави одела, кожени фустани со украси, како и фустани што на вистински начин ја нагласуваат женственоста и женското тело.
Погледнете: