По неколкумесечна работа од дома, во ограничени услови, талентираната студентка на отсекот за Моден дизајн при ЕУРМ, Ајла Хаџија ја реализираше својата колекција „Apocalypse" преку која ни прикажа како за креативноста не постојат граници, туку напротив во непредвидливите ситуации препознава предизвик.
Во рамките на предметот „Колекција 2" под менторство на проф.д-р Јана Манева Чупоска, идната модна дизајнерка од идеја до креан продукт односно готов модел, го изнесе на дело својот концепт за колекција во која умешно ќе се спојат спротивностите.
- Колекцијата е прилагодена за есен/зима 2020/21 година, составена од 35 модели од кои 3 се во процес на реализација. Во најголем дел се работи за асиметрични модели кои преку сечењата и искористените бои ги доловуваат денот и ноќта, смиреност и вознемиреност, доброто и злото, големиот катастрофален пожар кој се предвидува во апокалитичката литература. Дизајнот на текстил допринесува моделите да добијат ефект на извлекување од апокалиптична ситуација, спасување, преродба, ни најави Ајла во првиот разговор додека сè уште ја подготвуваше колекцијата.
Резултатот следува во продолжение...