Спознајте ја Индија во новата детска колекција на Mara Hoffman

1 февруари 2014

 

Доколку сакате вашето дете да го облечете во боемски стил и колоритен дезен, тогаш брендот Mara Hoffman  со лансирањето на новата „Crewcuts“ колекција, за деца кои го чувствуваат слободниот дух на својот темперамент го има вистинското решение за вас.

 

 

Етикетата, позната по своите модели со живописни принтови, аплицирани на костимите за капење, кафтаните, наметките и слично, овој пат, се фокусираше на изработка на детска колекција. После промоцијата на детската линија резултатот е неверојатен .

 

 

Инспирацијата е од мистиката и митологијата на Индија, а се работи за детски костими за капење, кафтани, фустани, харем панталони и наметки. Поради големиот успех дел од овие парчиња ќе се најдат и во големини за возрасни.

 

 

 

 

 

Објавено:
1 февруари 2014
Категорија: 
Колекции