Одлични кожени парчиња во неодолива кафена и неизбежна црна боја се дел од новата колекција на Манго во која главната улога ја има Кендал Џенер.

Парчињата што се дел од колекцијата се претежно во сафари стил, но навистина носливи и впечатливи. Во колекцијата „Tribal“ девојките ќе пронајдат парчиња во навистина прекрасни бои, меѓу кои и кафена, жолта, бела, темно црвена и зелена.

Едно од највпечатливите парчиња е црното кожено фустанче со реси во долниот дел, комбинирано со супер шик чанта со исти модни додатоци.

За долгото топло лето, Манго предлага црни сандали со ремчиња, потоа колоритни балетанки со етно дезен, но и вид влечки во јака жолта боја.

Дизајнерскиот тим во колекцијата смести и куси здолништа со етно принт комбинирани со супер слатки кошули од совршен материјал.

Нашето омилено е кафеното фустанче без ракави во кое планираме да го поминеме долгото, топло лето!

 

Објавено:
1 февруари 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.234 пати