Стара техника, нов тренд: Макраме чанти

2 јуни 2021

Макраме техниката е една од оние чија попиларност последниве години полека расте. Со оваа техника можат да се изработат предмети за дома, украси за екстериер, но и накит и модни додатоци.

Се работи за техника на врзување јазли (макраме) која се работи рачно, a може да се изработува од кожа, конец, волна, памук, па дури и користење на метал.

Ние денеска ќе се фокусираме на чантите изработени од макраме.

Пред неколку години брендот Валентино направи чанти од макраме со кожа и коноп, а модната куќа “Емилија Пучи“ направи чанти во макраме техника со шарени траки. 

Нам ова лето ни се омилени оние од конец и во светла нијанса, кои придонесуваат за романтичен изглед. 

Во комбинација со кошула фустан, лелеави здолништа, па дури и шорц и маица, можат одлично да се вклопат речиси во секоја пролетна и летна комбинација.

Еве неколку предлози во продолжение:

 

Објавено:
2 јуни 2021
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
851 пати
Тагови: 
макраме