Стариот Холивуд во кампања на Салваторе Ферагамо

26 декември 2014

Во пролетната кампања на Салваторе Ферагамо, Дарија Вербови e жена која го следи модерниот гламур и во долга припиена тоалета од новата колекција на Масимилијано Џорнети, буквално го маѓепса објективот.

Kреативниот тим на модната куќа Салваторе Ферагамо, новата рекламна кампања  ја сними во Калифорнија.  Под закрила на топлите сончеви зраци на отворен базен во амбиент на уникатна и модерна архитектура, свежи коктели и удобни софи Вербови, заедно со својот партнер уживаат во благодетите на убавото време.  Фотографското дуо Мурта и Маркус во новата кампања имаа за цел да направат спој на софистицираност, елеганција и гламур не само во поглед на изборот на модни парчиња кои се исклучително гламурозни, практични и модерни, туку и во однос на атмосферата и околината надополнета со сламени мотиви, мешавини на растенија и цветови и удобен мебел.

Креативниот директор на новата колекција, Масимилијано Џорнети вели дека се фокусирал на комплексноста на текстурите, користел скапи и луксузни материјали, вметнувајќи кожа и везени детали на самите парчиња облека. Како инспирација му послужиле стари фотографии од Холивуд, па токму и затоа боите на фотографиите градираат кон поизбледени и пожолтени тонови, изгледот на Дарија, волуменозните кадрици и акцентираните јаболчници со бронзер комплетно соодветствуваат со духот на едно поминато време. Машкиот лик во приказната е претставен како денди џентлмен кој е олицетворени на префинетиот машки стил зачинет со трендовски елементи.

 

Објавено:
26 декември 2014
Категорија: 
Колекции