Вчеравечер во центарот на Загреб се случи долго очекуваната ревија на една од најпознатите хрватски дизајнерки Александра Дојчиновиќ.
Како и секогаш, таа прикажа многу тантела, колорит и ултра женствени парчиња прикажани преку нејзините Lei Lou креации.
Дизајнерката овој пат си поигра малку повеќе со боите, што изгледаше навистина интересно и доминантно кај парчињата.
Токму таквите, јаки бои беа во фокусот кај речиси сите парчиња што дизајнерката ги претстави за претстојната пролет/лето сезона.
Она што привлече особено внимание, беа колор блок палетите кај некои од парчињата, но и комбинацијата на совршено пастелните бои кај тантелните фустани.