Timberland има нова капсулна колекција од рециклирана пластика

3 мај 2019

Timberland веќе подолго време работи на намалување на уништувањето на природата при производство на своите препознатливи производи. Оваа сезона, капсулната колекција за мажи „ReBOTL“ е сериозен потфат во оваа еко насока на брендот. Имено, секој модел од колекцијата во себе содржи од шест до 10 рециклирани, пластични шишиња. 

Капсулната колекција која вклучува пет различни модели, ја спојува Recycled Knit технологијата со надворешен ѓон направен од рециклирани пластични шишиња. 

„ReBOTL“ е уште едно дополнување на мисијата на Timberland да го трансформира својот бизнис целосно во еко-насока до 2020 година и тоа преку три различни сегменти: производи, животна средина и заедница. 

Во сегментот производи, идејата е речиси целосно да се намали влијанието врз животната средина во процесот на производство: делот на животна средина е опфатен преку посветеност на пошумување и враќање на зелените површини во градовите, делот на заедницата е вклучување на вработените на Timberland во разновидни активности за доброто на целата заедница. 

До сега Timberland реализираше огромен број еко проекти кои вклучуваат рециклирање на 310 милиони пластични шишиња кои потоа се користат во изработка на обувки, садење на девет милиони дрва и повеќе од еден милион часови општествена работа. 

Брендот и понатаму останува посветен на постигнување на сите еко-насочени цели и поставување на нови стандарди на еко одржлива мода.             

*Комерцијален текст 

Објавено:
3 мај 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
187 пати