Колекцијата на Timberland за пролет/лето 2015 e наменета за жени и мажи кои уживаат да го поминат времето на отворено како начин да си ја вратат енергијата, да избегаат од градот, но и да се дружат со пријателите. Понекогаш ова време поминато на отворено е и во самата урбана средина, но овозможува поединецот за момент да се релаксира и да се изгуби во сопствените мисли.
За пролет/лето 2015, инспирацијата доаѓа од боите на Нова Англија, со патување кое започнува на градските улици, а завршува на морскиот или езерски брег. Патниците, нашите купувачи, поаѓаат на ова патување со колекција која е поразиграна и посмела од било кога претходно. Главните елементи се сепак оние добро познатите – стилот, перформансот и еко-материјалите од кои се направени производите.
Едни од моделите по кои е познат Timberland се бродските чевли, кои компанијата ги произведува од 1978 година. После 35 години, овие чевли се безвременска класика не само за мажите, туку и за жени и деца. Оваа сезона бродските чевли се дополнети во поглед на боите и дизајнот, што ги прави исклучително актуелни и модерни.
Рачно изработената колекција “Hooket” е направена од 100% органски памук, природна гума, кожа и алуминиум и е вистински претставник на традиционалната изработка на Timberland комбинирана со еко-свесноста. Освен чевлите и облеката, оваа сезона “Hookset” колекцијата е дополнета со ранци и чанти.
Женските сандали се производ кој Timberland го разввива во последните неколку сезони и се чини од сезона во сезона моделите стануваат сè поатрактивни, притоа, задржувајќи го духот на брендот, потребата за практичност и особеното внимание посветено на деталите.
Чино (Chinos) панаталоните имаат долга и интересна историја. Некогаш строго воено парче облека, на крајот на Втората светска војна, најпрво се појавуваат на американскиот пазаp и наскоро стануваат клучно парче во гардеробата на младите луѓе – удобни како фармерките, но со малку поелегантен изглед. За разлика од почетоците, денес чино панталоните доаѓаат во многу различни и впечетливи бои што ги прави уште поносливи и прилагодливи на сечиј стил, а истовремено и одлична комбинација со остатокот од колекцијата за пролет/лето 2015.