Сте знаеле ли дека гледано низ историјата, Зара речиси никогаш не се користеле со реклами, а дека зад H&M креациите стојат 160 дизајнери и 100 моделари. Зад убавата облека и цените, се кријат и други интересни приказни, а дел ќе прочитате во продолжение:
1.Forever 21 била Fashion 21
-Првата продавница од синџирот продавници со име Fashion 21 е отворена 1984 година. Продажбата почна одлично и со голем замав, па основачот До Вон Чанг одлучи да отвори нови продавници на секои шест месеци, по што следи и промената на името во Forever 21.
2. Работниот простор во Sephora се смета за сцена. Вработените се „глумци“, а нивните униформи се „костими“
Во 2008 година, во едно интервју со вработените на Sephora се откри приказната дека работењето во Sephora е како перформанс. Еве како една од вработените, со псевдоним „Јasmine“ го опиша работењето таму:
„Продажниот салон е сцена. Бекстејџ е се’ што не го опфаќа салонот за продажба. Јас не сум вработена, јас сум дел од актерксата екипа. Никогаш за облеката не велиме униформа, туку костим... Најчесто носиме црна боја, а нашите газди се лидери...“, вели таа.
3.Asos има месечен магазин
Магазинот е создаден во 2007 година, а се дистрибуира и принта во рамки на Британија, но секој заинтересиран може да го чита списанието и онлајн. Изданието за декември 2014 има атрактивни содржини, вклучувајќи го и интервјуто со Рита Ора.
4.Topshop and Miss Selfridge се основани од иста компанија
-Двете продавници, како и Dorothy Perkins се основани од Arcadia Group.
5.Gap Inc. го поседува Intermix
Gap Inc. која ги поседува The Gap и Old Navy, исто така ја поседува и продажната мрежа Intermix, која се приклучи кон ова семејство во 2012 година.
6.Оригиналното име на „Зара“ било „Зобра“
Поранешниот сопруг на основачот на Зара, Росалија Мера, почнал да го развива бизнисот продавајќи пижами и ноќници во мал дуќан во Шпанија, со име „Зобра“. Но, во близина постоел и бар со слично име, па така „Зобра“ морала да премине во „Зара“.
7. И H&M има оддел за дом
Продажните продавници за домашно уредување на H&M нудат широк асортиман, од перници за дневна соба до салфетки.
8.Uniqlo ги дизајнираше униформите за неколку азиски држави на Специјалните Олимписки игри во 2013
9.Old Navy го добила името по бар
Компанијата за семејна мода е именувана по еден бар во Париз, во 1994 година, кога и е основана.
10. Ј.Crew започна како продавница што работи со нарачки преку каталог
Првите шест години од работата на J.Crew (од 1983 до 1989 година), производите на J.Crew биле достапни само преку каталог. После 1989-тата година, J.Crew отвори продавница во Њујорк со врвен квалитет и цени.