Џорџо Армани советува: „Бидете запаметени, а не само забележани“

12 октомври 2022

Како еден од најмоќните дветски познати модни дизајнери со огромно искуство, звучно име и силен авторитет, Џорџо Армани е секако човекот кој би го послушале за моден совет.

Фото: thegoodlife.thegoodhub.com

Тој ја основал својата модна империја пред речиси половина век, а денес неговата модна куќа е синоним за успех, гламур и луксуз. Светската слава ја стекна во 1982 година, а ќе остане запаметен по тоа што ги ослободи жените од строгото облекување, и е меѓу првите во светот на модата кој воведе полежерен стил за дамите.

Фото: journaldesfemmes.fr

Според него, главната тајна за добриот стил лежи токму во умереноста, минимализмот и класиката, посочувајќи дека дека луксузот не мора секогаш да биде неудобен и тесен. Неговиот став е дека вистинскиот луксуз не е дефиниран од скапа и дизајнерска облека, туку од тоа да се чувствувате добро во своја кожа и да го правите она што навистина го сакате.

Фото: wwd.com

Во прилог споделуваме 10 модни совети од Армани кои имаат моќ да ја променат нашата перцепција за модата, луксузот, елеганцијата и стилот.

1. „Стилот е поважен од краткотрајните модови".

2. „Не се оптеретувајте со облеката: најстилските луѓе изгледаат како да не се трудат и не вложуваат напор. На крајот, стилот е само изразување".

3. „Суштината на стилот е едноставен начин да се каже нешто сложено".

4. „Елеганцијата не значи да бидете забележани, туку да бидете запаметени".

5. "Внимателно избраниот парфем може да стане ваш заштитен знак. Тоа е првото нешто што мажите го мирисаат кога влегувате во соба и последното нешто што исчезнува кога ќе излезете".

6. „Евтиниот пар чевли е лоша инвестиција. Не штедете на чевли, тие се основата на вашата гардероба".

7. „Елеганцијата е клучот за изгледот, не подлежи на времето, никогаш не излегува од мода и затоа модата никогаш не излегува од вас на тој начин".

8. „Да изгледате секси е прашање на самодоверба. Тоа е прашање на умот исто колку што е прашање на телото".

9. „Црното и темното сино визуелно ќе ве „стеснат" повеќе од другите бои. Користејќи ги овие бои можете да си дозволите да експериментирате со форми и текстури".

10. "Разликата помеѓу стилот и модата е - квалитетот. Специјалниот рецепт на Армани се состои во совршениот крој, меките ткаенини и минимализмот."

Објавено:
12 октомври 2022
Категорија: 
Стории
Прочитано:
537 пати