Естетиката на ова „мајка-ќерка“ дуо е вистинска модна инспирација

15 јули 2022

Мајките и ќерките навистина можат да бидат најдобри пријателки, особено кога делат слични интереси, а ова „мајка-ќерка" дуо кое го сочинуваат Суси Рејано и Карла Хинојоса, не само што ја делат истата страст и љубов за модата, туку и модна естетика која е неодоливо инспиративна за сите нас.

Педесетидевет годишната Суси Рејано е модна дизајнерка, основачка на „Брилијант", бренд за модни додатоци од Барселона. Во најголем дел нејзиниот стил вклучува блејзери и бејзбол капи, но воедно Суси отворено ја покажува и својата љубов кон шик плетките на Фенди. Нејзината ќерка пак, 32-годишната Карла Хинохоса, е специјалист за дигитална комуникација и моден новинар, која студирала ПР, маркетинг и новинарство. По извесно време поминато во Милано и Лондон, двата града кои навистина ја инспирираа модната кариера на Хинохоса, во 2013 година таа одлучи да започе со лансирање на нејзините канали на социјалните медиуми. Карла, исто така, работеше со нејзината мајка на мала колекција накит и капсулна модна колекција што е достапна во „Брилијант".

Мајката и ќерката моментално се наоѓаат во Барселона, каде што своите многу различни, но комплементарни стилови ги документираат преку содржина подготвена за време на нивните кафе состаноци и ручеци и објавена на нивните профили на Инстаграм @susirejano и @carlahinojosar.

Фото: Инстаграм.

 

 

 

Објавено:
15 јули 2022
Категорија: 
Стории
Прочитано:
6.598 пати