Имаат 92 години и неизмерна љубов еден кон друг

7 април 2020

Сите се прилагодуваме на новата ситуација, да го поминуваме времето во нашите домови и со нашето семејство. И ако некогаш ви доаѓа да бидете нервозни, сетете се на приказната и фотографиите во продолжение.

Имено, на фотографијата е двојка, која има 92 години и неизмерна љубов и грижа еден за друг. Имено, дедото ја фарба својата сопруга, која ги следи неговите движења на огледало.

„Ова се моите баба и дедо. Во сите ситуации, мојот дедо секoгаш се труди мојата баба да знае дека тој се грижи за неа и дека е сакана. Вакво нешто не гледаме секој ден“, стои во описот на фотгорафијата.

Фотографијата стана вирална, а нивниот внук, Исраели Јаел Шапира, вели дека воопшто не очекувале таков одзив, но дека им е мило кога ќе се видат на телевизија.

„Мојот дедо сака да се погрижи баба ми секогаш да биде и изгледа добро. Љубовта меѓу нив е нешто што го инспирира целото семејство. Преку оваа фотографија се гледа што е вистинска љубов, вели Исраели за „Bored Panda“. 

Прекрасно!

 

 

Објавено:
7 април 2020
Категорија: 
Стории
Прочитано:
953 пати