Како е да си во кожа на супермодел

24 јуни 2015

Untitled

Многу девојчиња, девојки, па и жени ги идеализираат жените што ги гледаат во магазините или на телевизија и се надеваат дека еден ден, ќе изгледаат така и ќе си бидат убави сами на себе.

Летната сезона не поминува без рекламите за костимите за капење на Victoria’s Secret, а со тоа и совршените тела на моделките. На многу девојки и жени ширум светот им се допаѓаат костимите за капење, но веднаш во наредната секунда во главата се јавува незадоволството од своето тело и помислата дека тие костими нема воопшто убаво да им стојат.

Токму од таа причина вработените во сајтот BuzzFeed, одлучиле да направат фотосесија во која тие ќе позираат и ќе ги носат костимите за капење од Victoria’s Secret како професионалните модели.

-Секоја од нас си одбра модел и се обиде да ја „имитира“ позата. Сметаме дека е многу важно за жените со различна градба на тело, килажа и боја да прочитаат како се чувствува обична жена – вели женскиот дел од тимот на BuzzFeed.

foto2

Нина

Искрено, посакувам да можевме да ги носиме оние стари костими за капење, кога телото е целосно покриено. Исто така, имам големи гради и навистина е тешко да се најде костим за капење во кое ќе можам да се движам, без да ги „заслепам“ луѓето. Претпоставував дека овие модели ги облекуваат костимите за капње, ќе заземат поза и се фотографираат. Лесно. Но, не беше лесно. Песокот беше тежок и жежок и си ги повредив колениците. Беше неверојатно студено тој ден и не сакав да ја наводенам косата во ледената вода на Пацификот. Се мачев да го наместам моето тело во поза што ќе потсетува на онаа на моделот, без разлика на тоа колку го вовлекував стомакот. Гледањето на овие модели, ми беше постојан потсетник дека никогаш во мојот живот не сум била толку слаба или бела, па не можам да се преправам дека можам да се однесувам како да можам да се поврзам. И беше безврска бидејќи постојат различни начини за да се презентира „бикини тело“ и убавината генерално, но ние постојано форсираме една слика. Посакувам да видам некој како мене во магазин, но сè уште чекам.

Нина Нина

Краен впечаток од фотосесијата: Искрено, не беше толку страшно, колку што мислев дека ќе биде. Нервозна сум кога треба да го покажувам телото пред странци и на Интернет и се плашам дека ќе ме осудуваат. Но, не се споредувајте со моделите, тоа е едно од највистинитите правила во модата. Само неколку од нас се модели. Ако не поминев неколку дена опседнувајќи се со фотографијата, ќе имав многу повеќе самодоверба. Не мора да изгледате како модел за да бидете убави во костим за капење!

Алисон

Се чувствувам прилично срамежливо и несигурно кога носам костим за капење, особено бикини. Но, имав среќа што носев едноделен костим за капење. Мислам дека ќе бев многу нервозна ако носев бикини, затоа што се чувстувам премногу „откриена“ кога носам бикини, дури и кога не ме фотографираат. Сите имаме целулит, белези од стрии и „салце“. Но, само ние се фокусираме на проблематични делови, никој друг не се заморува. Фотографијата дава погрешна перцепција, бидејќи се работи за „фаќање“ на една милисекунда. Сè е затегнато или фотошопирано, па не е реално. Многу е важно тоа да го запомните.

Алисон Алисон

Краен впечаток од фотосесијата: Мислам дека секој треба да се фотографира на плажа во костим за капење во некој дел од животот. Тоа всушност прави да се чувствуваш гламурозно. Дури и кога не си полн со самодоверба, забавно искуство е и ти помага да ги победиш несигурностите и да се забавуваш.

Шеридон

Ова ќе звучи сосема лудо, но јас всушност не сум Victoria’s Secret мдоел. Знам, ова е голем шок! Би сакала да можам да кажам дека сум самоуверена 13-годишна девојка на која не ѝ е грижа за Victoria’s Secret Angels, но би се лажела себеси. Гледајќи ги фотографиите на овие девојки се надевам дека еден ден ќе изгледам така. Особено ме нервираат оние што кажуваат дека прават лесни вежби, но јадат хамбургери и изгледаат одлично. Никогаш не сум била голем обожавател на костимите за капење. Зошто се толку тесни? Зошто ниту еден од нив нема потпора за моите гради? Тука многумина изразуваат загриженост за моето здравје и следи коментарот како не е проблемот во бројот на костимот за капење, туку дека јас морам да ја намалам тежината. Па замислете колку бев возбудена кога требаше да го пробам проклетиот костим за капење, на проклетата плажа, со моја фотографија до проклетата Бехати Прислу, супермоделот што се омажи за проклетиот Адам Левин. Не можете да замислите колку таа позиција боли. Тешкиот и жежок песок, притисокот на колениците... Дали изгледам секси, бидејќи можам да си ја видам болката во очите... Исто така, моите гради изгледаат како да сакаат да избегаат од затвор. П.С. Морав да ги бричам нозете за оваа пригода и тоа траеше...

Шердиан Шердиан

Краен впечаток од фотосесијата: Мислам дека е очигледно дека секоја „големина“ може да биде секси. Не се чувствував 100% секси, но се надевав дека ако го направам тоа, ќе им покажам на луѓето дека е ок да го откриете телото. Не морам да изгледам како Бехати за да облечам костим за капење. Правете го она што ве прави среќни и на крајот ќе бидете добро. Сите сме убави, секси, фантастични со сите облини, стрии и белези.

Лара

Костимите за капење и јас не сме пријатели, барем не сè уште. Повеќе сме познаници кои никогаш не успеаја да се запознаат и да отидат на кафе. Имам големи болки во абдоменот и подуеност, па тоа е причината поради која сум многу несигурна кога се работи за мојот стомак. Помислата да го правам ова ми предизвикуваше гадење. Исто така, голем поздрав до мајката природа, што ме „благослови“ со месечниот циклус баш неколку часа пред да треба да го облечам белото бикини. Ми беше непријатно да го покажувам стомакот, бев во болки, но најмногу од сè сакав да дознам како успеала да ги намести рацете така. Патем, сè уште не знам. Мислам дека е многу тешко да се изгледа како жена од магазин. Тие се буквално совршени. Долго време мислев дека ако се потрудам навистина, еден ден ќе можам да изгледам како нив. Но, никогаш не успеав. Сакам магазин во кој ќе видам жена и ќе речам: „О, таа е иста јас“, а не „О, би сакала тоа да бев јас“.

Лара Лара

Краен впечаток од фотосесијата: Сакам да сум во состојба да можам да го славам секое тело. Речиси секоја втора статија се занимава со телото. Додека ја правевме оваа фотосесија, сфатив колку длабоко одиме со овој проблем и колку уште треба да одиме. Нема да престанам да зборувам за ова, сè додека не престанам да  слушам мали девојчиња како се загрижени за тоа како изгледаат. Да се „изложите“ пред сите не е ни малку лесно, и да си модел е многу потешко од што мислев. Затоа праќам 1.000 аплаузи за моделите ширум светот и уште 1.000 аплаузи за сите нас, смртничките. Можеби не сме модели, но светот е писта за сите нас.

Кирстен

Мислам дека го имам истото ниво на нервоза како и повеќето жени кога носат нешто што едвај им го покрива задникот. Знаев дека ќе бидам надвор од мојата комфорна зона. Она што не ми се допаѓа кај магазините што објавуваат вакви фотографии е затоа што прават да се чувствуваш како го*но. Гледаш во костимите за капење и моделите и едноставно не се сакаш. Тие се убави жени, без сомнение. Но, не презентираат како вистинската, обична жена изгледа. Мислам дека е нездраво за девојките да имаат само слика од тоа како изгледа „бикини тело“. Бикини телото не е телото на моделот, туку твоето тело во бикини.

Кирстен Кирстен

Краен впечаток од фотосесијата: Ова беше 100% надвор од мојата комфорна зона. Но, колку и да е страшно да се претставите вака, сметам дека е важно за жените и младите девојки како гледаат на себе и се претставуваат во мас медиумите. Гледајќи ги фотографиите на сите мои пријатели и колеги во костими за капење, кои не се совршени, но зрачат со самодоверба, ме натера да бидам помалку критична кон себе. Мазната кожа и виткото тело не те прават убава. Самодовербата со која зрачиш те прави.

Кристин

Првин, овој костим за капење беше глупав. Не сум во поза која навистина демострира како изгледа кога изгледаш „бомбастично“, но поминав цел ден во движење, правев „селфи“ и генерално, уживав во себеси. Не мислам дека сфатив колку е долга раката на моделот, сè додека не пробав да ја имитирам нејзината поза и заглавив на половина.  Ова е како поза со која се обидуваш да изгледаш природно пред твојата симпатија. Тоа е „природна“ поза во која не изгледате природно.  Мислам дека сите покрупни девојки многу бргу откриваат која е за нив најдобра поза за фотографирање – ако поминувате долго време за „оттагнување“ на лошите фотографии со вас на Фејсбук, тогаш учите многу бргу. Тоа што позирав намерно во таква поза што не ми ласка, ми предизвика чувство дека се саботирам самата. Си помислив: „Што правиш Кристин?! Сега секој ќе ја дознае твојата темна тајна за тоа како рацете ти се направени од шеќерлема!“. Но, искрено, ок е. Шеќерлемите се супер, и јас сум, а и вие!

Кристин Кристин

Краен впечаток од фотосесијата: Мислам дека ако ги прашате моделите што мислат за нашите фотографии, тие би рекле: „О, косата ти е прекрасна, би сакала да имав јас таква“, или „Камо да го имав твојот стомак“. Секој сака да има нешто што го има другиот, па дури и убавите модели. Многу е тешко да бидеш објективен за своето тело, па кога некој ќе каже нешто убаво за тебе, треба да му верувате.

 извор: buzzfeed
Објавено:
24 јуни 2015
Категорија: 
Стории