Како Валентино стана street-style феномен?

11 јуни 2015

valentino-street-style-cfda-award-F

Модниот бренд Валентино е еден од синонимите за гламурозна, па дури и Висока мода. Но, во последниве неколку години, креации од оваа модна куќа сè повеќе можат да се забележат во рамки на уличната мода.

Под водство на Марија Гација Кјури и Пјерпаоли Пичоли, Валентино Гаравани изгради бренд што стана основа за стилот на сите Мирослави Думи низ светот. Но, многумина се прашуваат, како се случи таа преобразба?

-Валентино е couture бренд. А тоа е нешто што ние навистина сакавме да го задржиме уште на почетокот на нашиот современ свет. Се концентрираме на лесната, природна елеганција, па му доаѓа дека направивме да се носи couture со „уличен“ став. И тука нема кодови. Се работи повеќе за индивидуален став – вели Пичоли.

Валентино отидоа и чекор понапред, комбинирајќи ги креациите за црвен килим со рамни обувки.

-Сметаме дека денес, дизајнерите треба да најдат нов баланс. Жените денес сакаат нешто посебно, но да можат да го употребат во секојдневието, не само на посебни пригоди – истакнува Кјури.

Токму кој тоа се придржуваат и овие двајца дизајнери. Првичната идеја била да се развесели и интензивира животот со модните додатоци со потпис на Валентино, оддел во кој Кјури и Пичоли работеле со декади, пред да бидат поставени на актуелната позоција. Потоа идејата се проширила и во останатите делови.

Сепак, модните аксесоари се дел до кој потрошувачите полесно можат да дојдат. На пример Rockstud чевлите кои за првпат се појавија во 2010 година, се сè уште достапни и се продаваат. Продажбата на брендот годинава се зголемила двојно повеќе од претходната, а половина од тоа, благодарение на модните додатоци.

-Кога почнувавме бевме опседнати, а и сè уште сме, со тоа да создадеме стил. Никогаш не размислуваме да направиме нешто само за една сезона. Сакаме да зборуваме на јазик кој зборува за стил и станува безвременски. Нашата инспирација е да креираме нешто што ќе сакате да го имате за цел живот. Како дизајнер, сметам дека тоа е тоа што го сакате. Rockstud, „камуфлажата“, сè што правиме е затоа што сакаме да креираме свет, елементи што ќе ги препознаете како Валентино стил – вели Марија Грација.

Токму затоа, оваа модна куќа е на добар пат да стане повеќе од  бастион на модата за црвен килим, да стане бренд што го следи вистинскиот, реален свет, што сега претставува долгорочен пат.

Промена постои, суптилна е, но сепак забележлива. Напорите и идеите на двата дизајнера на чело на модната куќа „Валентино“ ги препозна и Здружението на модни дизајнери на Америка (CFDA), кои им ја доделија Интернационалната награда во мај годинава.

Објавено:
11 јуни 2015
Категорија: 
Стории