Приказни од градот

Мајка и ќерка креираат уникатни „пуф“ табуретки што раскажуваат семејни приказни

23 ноември 2020

Нашите Приказни од градот секогаш сведочат за автентични идеи, ликови или таленти, што со себе носат мотивирачка и позитивна енергија.

Денешната наша приказна, ви носи топли поздрави од едно креативно и талентирано дуо, мајка и ќерка, кои својата страст кон рачните изработки ја претворија во успешен семеен бизнис.

Лиле и Ели рачно креираат уникатни „пуф" табуретки, во различни големини, бои и комбинации, под својата етикета @sofka_dizajn.

„Целата идеја и љубовта кон рачните изработки, особено плетенините, се инспирирани од мојата покојна мајка и всушност етикетата @sofka_dizajn е именувана по неа", ни раскажува Лиле која вели дека поривот и желбата за изработка на вакви уникатни дизајни постоел одамна, а сега конечно после многу труд и посветена работа, идејата се реализирала.

Како една убава семејна традиција, сега на приказната се надоврзува и нејзината ќерка Ели, која ѝ помага и околу креативниот и околу техничкиот дел, па со тоа процесот целосно е заокружен во еден семеен амбиент.

„Секоја изработка бара посебно посветено внимание и време и секоја табуретка има своја уникатна композиција. Затоа, нашите „пуф" табуретки се персонализирани и посветени специјално за клиентот за кој се изработени. Целата процедура опфаќа неколку основни фази, како што е дефинирање на големината, изборот на боја на плетката, процес на плетење, полнење и финален производ кој го доставуваме до вашиот дом", вели Лиле.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @sofka_dizajn

Табуретките основно имаат декоративна улога, но може да се искористат и функционално за седење или пак доколку им се додаде соодветно стакло може да се пренаменат и како мини маса за чај или кафе.

Нивниот симпатичен изглед дозволува лесно да се комбинираат во различна атмосфера, од детска до дневна и спална соба, од минималистички и скандинавски до рустично декориран ентериер. Притоа, бидејќи табуретките се изработени од 90% памук, практични се за одржување и чистење.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @sofka_dizajn

„Деталите во уредувањето на домот имаат голема улога. Затоа една „пуф" табуретка може комплетно да го трансформира амбиентот и да му додаде автентичност на просторот", споделува нашата соговорничка.

Охрабрени од позитивните рекации, мајката и ќерката го прошируваат асортиманот на рачно изработени декорации, па покрај „пуф" табуретки, посветени се и на изработка на килими и подметачи за кафе, во чиј процес на креирање се користи истата техника на плетење.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @sofka_dizajn

Запознајте се одблиску со нивниот креативен свет на инстаграм профилот @sofka_dizajn.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @sofka_dizajn

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @sofka_dizajn

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @sofka_dizajn

Објавено:
23 ноември 2020
Категорија: 
Стории
Прочитано:
5.566 пати