Во пресрет на Британските музички награди кои се одржуваат вечерва еве неколку интересни факти што сигурно ќе ви се допаднат. Под референцата BRIT Awards или позната уште како „Brits“ се крие „сложенката“ Британска Фонографска Индустрија на музички поп награди и претставува британски еквивалент на Американските Греми награди или „American Grammy Awards“. Првите награди се одржале во далечната 1977 година, по повод комеморацијата на Сребрениот јубилеј на Кралицата. Британските награди прв пат се емитуваа во живо на телевизискиот канал Би Би Си во 1989 година каде Саманта Фокс и Мик Фливуд беа домаќини на шоуто кои подоцна се соочија со многу негативни критики дека организацијата за еден ваков настан кој оди во живо на една од најпопуларните телевизии, не е доволно извежбан па поради тој факт во наредните години наградите се емитуваат еден ден подоцна. Интересен податок поврзан со оваа манифестација е дека Роби Вилијамс го држи рекордот за најмногу освоени награди и тоа 12, како соло артист и пет додека беше дел од групата Take That.
Па да ја стартуваме временската машина и да „одлетаме“ во 1977 година кога почна се. Шер имаше 21 година, Роби Вилијамс три, Бијонсе била само фантазија во имагинативниот свет на нејзините родители. Ова издание на Британските награди ќе биде запаметено по јубилеите. Сто години од откривањето на звукот од страна на Томас Едисон, но и 25 годишното владеење на тронот на Кралицата Елизабета. Битлси, добија награди за посебен придонес во музичката индустрија и историја воопшто, а Кралството беше воодушевено од зародишот на една ваква музичка платформа која денес прерасна во авторитетен настан кој има кредибилитет да ги оценува вистинските уметнички и музички достигнувања.
1982, беше година на „новиот романтизам“. Сите изведувачи кои направија некаква позадина, изминатата година беа наградени, дури и системот на гласање беше променет, со тоа што компаниите кои беа во жирито не можеа да ги фаворизираат своите уметници. Она што беше забележано е дека оваа година модните изгледи понудија една сосема нова димензија и на некој начин го покренаа машинскиот моден погон да работи со полна пареа. Штета што фотографската архива е сиромашна, па немаме доволен број фотографии со кои можеме да го потврдиме ова.
Наредната 1983 година, Тим Рајс го презеде водството на манифестацијата и беше одбележана со двојната победа на Пол Макартни за најдобар машки вокал и награда специјална техничка изведба доделена од музичката компанија Сони, додека признанието за најдобар албум отиде во рацете на Барбара Стрејсед, а на сцената ја подигна извонредниот Мајкл Џексон.
Во центарот на внимание на Британските награди во 1984 година беше Ени Ленокс, која освои награда за најдобар соло изведувач, а Мајкл Џексон изненади со својот уникатен настап.
Следната година 1985 заслужено го однесе епитетот за најгламурозна и највпечатлива почнувајќи од изведувачите, сценографскиот момент и шоуто кое понуди низа изненадувања.
Со појавувањето на конзервативниот владин министер Норман, денес одликуван со титулата Лорд, кој му ја додели наградата на Елтон Џон за исклучителен придонес во британската музичка историја, во 1986 година го означи и официјалниот старт и признавање на британската музичка индустрија. Меѓу попознатите беа легендарната Тина Тарнер и Брус Спрингстин кој ја однесе наградата за најдобар меѓународен изведувач.
Ерик Клептон ја потпиша 1987 година на Британските Награди со освојување на наградата за исклучителен придонес. Веднаш зад него свои потписи оставија и Питер Габриел и Дејв Стјуарт, кој ја зема наградата за најдобар продуцент. Домаќин на шоуто беше Џонатан Кинг, а свои импозантни настапи имаа Витни Хјустон и Симпли Ред. Таа година Британските Награди имаа највисок рејтинг на гледаност од 6,7 милиони гледачи.
Алберт Хол беше местото на злосторот каде Британските Награди ја оживееја музичката приказна во 1988 година. Меѓу победниците беа Џорџ Мајкл, Стинг, U2 и Рик Астли кои приредија ексклузивно шоу за паметење.
Една од најнеобичните манифестации на Британските агради беше онаа која се одржа во 1989 година, чии презентери беа Сем Фокс и Мик Флитвуд, а меѓу наградените се најдоа имињата на Ју Ту, Трејси Чепман, Фил Колинс, И Ени Ленокс .
Британските награди во 1990 година доживеаја неколку суштински промени, почнувајќи од промена на локацијата во прекрасниот Доминион Театар и новата водителка нан шоуто Кети Мекгован. Наградените повторно во истиот состав како и минатата година Ју Ту, Фил Колинс, Ени Ленокс и Дејв Сјуарт само ги потврдија признанијата која оваа манифестација им ги доделува. Најконтроверзен момент беше појавувањето на „Челичната лејди“, во видео записот на младата група Fine Young Cannibals, кои земаа двојни статуетки, кои подоцна мораа да ги вратат, по демантот кој им го потпиша лично Маргарет Тачер.
Проследена од речиси 8.2 милиони гледачи, Брит наградите во 1991 година се запишаа во историјата манифестации, која медиумски остварила најголем рејтинг на гледаност.
Во 1992 година шоуто помина во знакот на Сил. Квин пак ја земаа наградата за најдобар сингл, а на пејачот Фреди Меркјури постхумно беше награден со признание за исклучителен придонес во музичката историја.
Повторна промена на локација и водител. Александар Палас е местото каде ќе продолжи да се создава музичката приказна а Ричард О’Брајан е новиот водител. Уште една новина која ќе ги одбележи Брит наградите во 1993 година е раскинувањето на осумгодишниот договор со Би Би Си. Одговорните решија преносот од шоуто да се префрли на телевизискиот канал Карлтон. Род Стјуарт, Ени Ленокс и Најџел Кенеди повторно ги збогатија со своите протфолија со нови признанија.
Во 1994година се чинеше дека сцената на Брит наградите продефилираа најдобрите меѓу најдобрите. Силна конкуренција и моќни вокали, надополнети со овации, аплаузи и награди. Елтон Џон, Бон Џови, Дина Керол и Бјорк беа само дел од ѕвездите кои направија вечер за паметење.
Во 1995 година Британските награди направија нов систем на гласање што беше подложен на големи промени. Во трката за најдобите се приклучија 125 издавачки куќи и повеќе од 500 учесници и музичари. Највпечатлив настап имаше кралицата на поп музиката Мадона.
Аланис Морисет и Оазис ги однсоа најважните награди, Мајкл Џексон воодушеви со својата сценска изведба, Earls Court, беше новата локација која донесе рекорден број на публика како во салата така и пред тв екраните, 11 милиони гледачи. Дејвид Боуви, Пет Шоп Бојс и Симпли Ред се само дел од луѓето и настаните по кои ќе остане запаметена на 1996 година.
Новиот водител Бен Елтон, воведе рекорден број на победници во 1997 година. Фокусот беше во тинејџерската сензација Спајс Грлс, но меѓу учесниците се најдоа Шерил Кроу, Продиџи, Ленокс, Луис. Ветераните од групата Би Џис беа наградени со специјалната награда за исклучителен придонес .
Музичка Британија наредната 1998 година, повторно помина во знакот на Спајс Грлс, покрај кои на сцената се појавија и Дејв Стјуарт, Том Џонс, Роби Вилијамс, Бјорк и Ју Ту.
Јуритмикс и Дејв Стујарт конечно 1999 година ги добија специјалните награди за исклучителен придонес во музичката индустрија.
Роби Вилијамс ја освои 12-тата соло награда и со тоа постави рекорд за нај наградувам артист на оваа манифестација. Гери Халивел беше на насловните на сите списанија поради неверојатно сексапилниот и провокативен соло настап, а Рони Вуд ја зема специјаната награда.2000-та беше навистина спектакуларна за Брит наградите.
Дестинис Чајлд ја одбележаа 2001 година на Британските награди со својот огнен настап.Еминем, Колдплеј, Вестлајф, Соник и Крег Дејвид беа само аперитив за тоа што допрва следуваше. Мадона ја зема наградата за најдобар интернационален артист.
Церемонијата на Британските награди е навистина најочекуваната ноќ во календарот музичката индустрија, а воедно и најспектакуларниот настан. Брит нгрдите во 2002 година беа отворени во гламурозен стил. Се вееше знамето на Англија, имаше неверојатни пиротехнички моменти, сите обвиткани со урбана музика и актуелни хитови. Вестлајф уште еднаш покажа зошто се миленици на публиката, а џебната „Венера“, Кајли Миног ја загреа сцената до највисок степен со провокативниот изглед и жешкиот настап. Дидо, Хајди Клум, Расел Кроу и Али Џи беа само дел од гостите кои оваа ноќ ја направија уште повпечатлива.
Џастин Тимберлејк и Кајли Миног беа ѕвездите на Британските награди во 2003 година. Ова издание понуди особено голема доза на хумор и забавни факти кои навистина ја забавуваа публиката. На листата победницисе најдоа Колдплеј, Роби Вилијамс, Нора Џонс, Ред хот чили пепер, Пинк, Аврил Лавињ, Шугарбејбс и Еминем. Добитник на наградата за исклучителен придонес беше легендарниот Том Џонс.
Британските награди од 2004 година беа прогласени за едни од најдобрите. Вистинска прилигенија како за посетителите, така и за учесниците, а уште повече за наградените.
2005-тата година се случија неколку промени во продукцискиот тим. Имено музичкиот директор Хелен Тери ја презеде функцијата на Извршен продуцент, Меги Кроу беше унапредена во координатор на манифетацијата. Сизор систерс го отворија шоуто и навистија ја загреаја атмосферата. Бендот Франц Фердинанд беше номиран во 5 категории, а си отиде со две признанија за најдобра британска група и најдобар рок акт.
Кание Вест во 2006 година стана главно одбележје на Британските награди. Со три години самостојна кариера тој успеа да ги добие симпатиите не само напубликата туку и на жирито, настапот беше окарактеризиран како провокативен и секси.
Ејми Вајнхаус без конкуренција беше ѕвездата на Британските награди во 2007 година. Сценографскиот момент исто така беше спектакуларен и мошне невообичаен.
Со врвни перформанси на Британските награди во 2008 година можеа да се пофалат Леона Луис и Ејми Вајнхаус. Сепак главната ѕвезда на вечерта беше Пол Мекартни.
Спектакуларна сцена и најпопуларните британски и светски ѕвезди на едно место. Британските награди во 2009 година гон оправдаа епитетот за најспектакуларни и мегапопуларни.
Во 2010 година Британските награди прославија триесет годишнина од постоењето. Во фокусот на шоуто се најдоа Лејди Гага, Џеј Зи, Шерил Кроу и Алиша Кејс.
Наредната 2011 година, попуалрната манифестација ја водеше Џејм Корден, а меѓу изведувачите и наградените се најдоа имињата на Ријана, Тини Темпа, Палома Фејт. Скапоцените статуетки беа дизајнирани од Вивиен Вествуд.
Британските награди кои се одржаа во 2012 година беа во знакот на Ејми Вајнхаус и Витни Хјустон по повод нивното прерано заминување од музичката сцена, а Адел беше ѕвездата која ги однесе најголемиот број награди.
Емели Санде беше најспектакуларниот победник на Британските награди во 2013 година освојувајќи ги признанијата за најдобар женски соло артист и албум на година. Џастин Тимберлејк сосвојот настап го означи големиот камбек на музичката сцена, а Тејлор Свифт, Роби Вилијамс и Лана дел Реј изненадија со прекрасните настапи.
Ова ретроспективно навраќање кон најзначајните моменти на Британските награди низ годините што изминаа нека ви биде дополнителен стимул да го проследите вечерашното премиерно издание.