Најмалиот фан на Хендрикс

10 јуни 2016

Се појави една загубена фотографија деновиве, која донесе со себе неколку прашања. На фотографијата е Џими Хендрикс со едно мало дете кое протрчува на сцена. Приказната започнува преку музичкиот промотер, инаку фанатичен следбеник на ликот и делото на Хендрикс, Јазид Ману.

Сите овие години Ману организира трибјути посветени на големиот гитарист работејќи со имиња како Стив Винвуд и Лед Цепелин. Но, сепак според него ниту еден не може да се спореди со големиот Џими. Со оглед на фактот колку е човекот опседнат со познатиот музичар, тој и го посветува својот живот играјќи си детектив и откривајќи работи за Хендрикс кои патем не и се познати на јавноста. Тој ќе ги открие сите оние ретки настапи и фотографии, како и онаа телеграма на Хендрикс што ќе ја испрати на Пол Макартни во 1969 година.

Во 1998 ќе му даде на ББ Кинг копија од песната која заедно ја свиреле пред 30 години. ББ Кинг и Хендрикс ,чудесно! Ману ќе му ги покаже на Ерик Клептон фотографиите кои никој претходно не ги видел, од заедничкото снимање во студио. Еден од омилените настапи на Ману гледајќи го Хендрикс е од 24.02.1969 во Ројал Албер Хол. Ова шоу никогаш не е прикажано комерцијално, но сепак е едно од омилените „бутлег" видеа на сите времиња. Во еден момент токму пред Хендрикс да ја отсвири „Purple Haze" едно мало детуле на свои 3-4 години ќе се пробие во толпата и ќе дојде до Хендрикс на сцена. Нешто му шепоти на Џими кој пак со полно внимание го слуша и откако детето на увце ќе му каже некоја порака на големиот Џими, мртов ладен ќе се симне од сцена.

Ману интригиран од оваа фотографија сака да открие кое е малото дете постирајќи ја на социјалните мрежи многу брзо добива одговор. Не е тоа било кое дете, открива дека се работи за Чарли Вебер. Неговите родители Том И Сју Вебер во 60-тите години биле едни од најмодерните парови. Томи се натпреварувал со автомобили, кој после влегува сосема случајно во музичката индустрија. Чарли и неговиот брат Џејк немале детство како останатите, нивните родители се разведуваат и тие двајца остануваат да живеат со таткото. Ману успева да дојде до детето. Вебер денес во своите 50 години прв пат ќе ја види фотографијата. Тој живее во Турција и бил прилично воодушевен од меилот на Ману. Вели дека се сеќава како бил во бекстејџ со Хендрикс, но моментот со излегување на сцена не го памети, но точно знае дека татко му го запознал со Хендрикс.


Дури и на толку мала возраст имал огромна љубов кон музиката на Хедрикс, велејќи дека тој бил негов херој и многу бил возбуден кога отишол да го гледа на концерт. За него не било невообичаено да се качува на сцена и да им шепка на неговите омилени артисти, истото го имал направено и за Брајан Џонс. Не се сеќава што му шепнал на Хендрикс таа вечер, но се сеќава дека Џими бил извонредно љубезен со него и имал целосно внимание од него за време на целото шоу.

Само за потсетување, Хендрикс ќе инспирира милионска млада генерација, не само со неговата музика туку и со неговиот однос кон сценскиот костим кој е единствен и инспирира и денес.

 

Објавено:
10 јуни 2016
Категорија: 
Стории
Прочитано:
146 пати