Расна (не)еднаквост во модната индустрија

8 февруари 2014

Nick Knight Nick Knight

Новиот извештај на Џејсон Кембел објавено во „The Businnes of Fahion“ ја разработува оваа проблемата која е очигледна за италијанскиот Вог. Покрај новата колумна „Vogue Black“ на веб порталот се најде и едиторијалот „Voguista Black“ кој ги третира исклучиво црномурестите улични трендсетерки. Уредниците на веб порталот без разлика што пропагираат иста политика сепак не гледаат низ шарени очила и токму затоа Џејсон истакнува дека овде важи правилото дека тие се еднакви, но сепак раздвоени.

За разлика од нив, Бет Хардисон прави големи напори за да се спречи расизмот кој постои и на модните писти, а тука се вредни да се спомнат и напорите на Живанши за вклучување на црномурести девојки во нивните кампањи, како што се Ерика Баду и Лупита Нјонг.

Неодамна фотографијата на која девојката на Амбрамович и главен уредник на магазинот Garage, Дарја Жукова седи на стол направен од кукла во вид на црномуреста девојка повторно ја крена целата јавност на нозе, па голем број уредници мораа да се извинуваат преку своите медиуми и да појаснуваат дека расизмот не е дел од нивната уредувачка политика. Но сепак приказната има подлабоко минато. Артистот на ова дело е всушност Ален Џонс кој во 1969 година креирал ваква верзија на столче но со бела девојка и бил обвинет за сексизам. Алек кој сега има 76 години за London Eevening Standard изјавил дека неговата идеја била погрешно сфатена и дека тој сакал да покаже дека деловите на човековото тело се функционални на различни начини.

Руски артист направи интересна фотографија како протест против хомофобичната политика во Русија Руски артист направи интересна фотографија како протест против хомофобичната политика во Русија

Познатиот фотограф и геј активист Александар Каргаитсеф даде свој критички осврт околу овој настан чија скандалозност повторно отвори голем број прашања, кои и ден денеш успешно се прекриваат. Тој истакнал дека хомофобичната политика на неговата земја е причина да замине од својата татковина, а постапката на Дарја ја опишал само како уште еден доказ дека менталниот склоп кај Русите се темели токму на поделеност и тоа не само по основа на бојата на кожата, туку и националноста, религијата и сексуалната определба. Интересно е што тој всушност направил добра споредба истакнувајќи дека тоа што тој е хомосексуалец дига поголема прашина од фактот дека расизмот и ден денес е застапен во модната индустрија.

Иако визуелно многу работи изгледаат перфектно, сепак зад целата слика се кријат голем број недостатоци успешно прекриени за јавноста да нема реалната слика на тоа што всушност се случува зад затворени врати во модниот свет.

Објавено:
8 февруари 2014
Категорија: 
Стории