Ритуалот на изработка на кожената мото јакна

28 февруари 2014

Безвременско парче облека кое уште од времето на големиот филмски заводник Џејмс Дин остана незаменлив моден „евергирн“  особено во уличната мода, и покрај тоа што доживеа бројни и најразлични модификации, кожената мото јакна.

Ако порано беше синоним за бунтовничкиот став и дел од имиџот исклучиво на рокерите и панкерите, денеска кожената јакна буквално се адаптира  на сечиј изглед, дури и со романтични и лелеави здолништа, една од фаворизираните комбинации во поново време.

Ритуалот на изработката вкулучува неколку основни процеси.  Големите модни брендови секогаш внимаваат пред се изборот на кожата од која ќе се изработи мото јакната да биде висококвалитетна, бидејќи токму тоа е основата на понатамошната добра изработка. Квалитетната кожа гарантира отпор на острите „вилици“ на времето.

Според однапред прецизираната техничка скица, се кројат парчињата кожа и се подговтуваат за понатамошното меѓусебно спојување според дефинираната форма. Често пати при изработката на мото јакната, кожата се комбинира со други материјали како на пример крзно или твид.

Откако ќе се состават парчињата, се дефинираат деталите. Токму во овој сегмент во процесот на изработка јакната го добива уникатниот финиш преку изборот на копчињата и патентите, украсните апликации и други елементи како нитни, врвки или везови.

Модифицираните верзии на класичната мото јакна достигнаа кулминација на инвентивноста: од женствени и романтични во пастелни бои до максимално мажествени предизменизонирани  кроеви со нагласени рамена.

Објавено:
28 февруари 2014
Категорија: 
Стории