Сафари стилот се појавува во XX век, во период кога актуелно било одењето на лов во африканските савани. Учесниците најчесто носеле практична облека, во нијанса која одговарала со природата околу нив. Еден од првите парчиња на овој стил е сафари јакната која е нешто меѓу јакна и кошула, со три-четврт ракави.
Климатските услови на африканскиот континент налагаат одредени правила при изработката на облеката. Пред се, тоа се однесува на материјалите кои треба да бидат од природни и јаки ткаенини, а нијансата треба да се движи од светла беж, до смеѓо- зелена варијанта.
Еден од најголемите заговорници на овој стил е брендот Ив Сен Лоран, кој во 1968 година се претстави со збирката креирана во сафари стил. Култната јакна направена според примерок од збирката и ден денешен претставува статусен симбол на брендот, а доказ за тоа е нејзината популарност во XXI век, низ урбаните џунгли на светките метрополи.