Шопинг во Милано-тука модата живее пред времето

12 јули 2013

Најпознатите брендирани улици испреплетени помеѓу автентичната архитектура на Милано во една заедничка приказна ги спојуваат најдоминантните светски дизајнерски имиња. Нивното влијание се чувствува во секој сегмент од секојдневието: од утринското кафе со поглед кон некој од луксузните излози до вечерните забави.

Модата во Милано живее пред времето. Како да не постои временска дистанца помеѓу модните писти и изложбените салони. Ако сакате да ѕирнете во иднината на трендови, посетете ја оваа модна престолнина. И бидејќи тука модната временска зона брзо отчукува, покрај брендираните продавници, бројни се и “second hand”  бутиците.

Ако сакате да купите аксесоари од Долче и Габана и Прада, тренди парчиња од Фенди и последните колекции на Кавали, тогаш вашата дестинација е  Via della Spiga.

Ако изборот сепак е Версаче , Шанел или Миу Миу тогаш лоцирајте се на Sant’ Andrea.

Ако барате луксуз од калибарот на Луј Витон и Диор, тогаш ќе го најдете по должината на една од најпознатите шопинг-улици Montenapoleone.

Меѓутоа, богатиот моден колорит на Милано не зрачи само со сјајот на гламурозните модни брендови, туку својот интерес тука може да го најдат и алтернативците. Уличната мода е еден од препознатливите предзнаци на овој моден центар, па изборот е голем за сите урбани ликови.

Porta Ticinese, Brera или Vercelli, останува на вас да ги подредите своите приоритети.

 

Објавено:
12 јули 2013
Категорија: 
Стории