Супер изуми што не знаете дека жените ги измислиле

24 септември 2019

Веројатно некогаш сте се запрашале на кој му текнало да го направи ова, најчесто за работа што ја употребувате во секојдневието и често ви е од корист.

Многу од тие работи, особено оние ултра практичните, ги измислиле жени на кои иако не им било лесно да истуркаат до крај, сепак успеале да добијат патент и признание за нивната работа.

1.Хартиените ќеси

Маргарет Најт е жената што во 1868 година дошла до идеја да создаде хартиени ќеси кои на почетокот биле мали и изгледале како плико. Човек по име Чарлс Анан се обидел да и ја украде идејата, но по неколку месеци тужење, таа успеала да добие патент за идејата.

2.Педалата на кантата за отпадоци

Талентираната Лилиан Гилбрет била позната по тоа што секогаш создавала мали изуми со кои си го олеснувала секојдневнието. Таа ги има измислено полиците за вашите ладилници, а уште подобро од тоа, ја измислила педалата на кантите за отпадоци за да не мора да ја допира секој пат кога сакала да фрли отпадок.

3.Монополот

Во 1904 – тата година, Лизи Меги измислила друштвена игра преку која сакала да прикаже како изгледа тогашното „грабање“ на парче земја и истото да му го покаже на светот, а со тоа и да предизвика реформи на ова поле. Играта таа ја нарекла The Landlords, или денеска попозната како Монопол.

4.Бришачите на автомобилите

Компанијата Кадилак беше првата која откупи бришачи за нивните автомобили откако Мери Андерсон ги измисли рачните, а подоцна Шарлот Бриџвуд ги создаде автоматските.

5.Пелените

Марион Донован го смени животот на родителите на подобро, засекогаш. Да, таа ги измисли пелените во 1951 – та година. Таа го продала патентот на корпорацијата Кеко за еден милион. Памперс се „роди“ во 1961 – та година.

6.Машината за перење садови

Првата машина за перење садови е измислена во 1886 – тата година. Жозефин Кохрејн никогаш не ја пробала, но им го олесни животот на сите жени во светот.

7.Коректор за хартија

Долго време секретарката Бети Несмит Грејам употребувала бела темперна боја за да ги поправи нејзините грешки на хартијата од машината за чукање. Таа поминала долги години работејќи на формула која совршено ќе ги поправа грешките на хартијата и во 1958 ја презентирала идејата за течната хартија или попозната како коректор. Таа ја купила компанијата каде работела за 47 милиони долари.

8.Циркуларна пила

Табита Бабит била првата на која и текнало дека работниците во една пилана би биле попродуктивни доколку работат со пила што постојано се врти, па тоа и се случило.

9.Кревет што се собира во плакар

Нема ништо подобро од ваков кревет доколку немате доволно простор во дома, особено во собата на вашите деца. Ако веќе го имате дома, за истиот можете да ѝ се заблагодарите на Сара Гуд.

10.Соларна куќа

Home light

Мариа Телкс во 1947 – та година создаде систем со кој една куќа, сто проценти функционираше на соларна енергија и успеала да издржи дури три студени зими.  

Инфо: Mentalfloss.com

Објавено:
24 септември 2019
Категорија: 
Стории
Прочитано:
867 пати