Една од најпопуларните и први сапуници од 1980-тите е секако „Династија“. Се емитуваше од 1981 до 1989 година, а нашите родители тогаш со нетрпение очекуваа да видат што ќе се случи кај богатото семејство Карингтон.
Џон Форсит се најде во улога на тајкунот Блејк Карингтон, а неговата нова сопруга Кристл беше Линда Еванс. Еден од синонимите на серијата е и Џоан Колинс, односно Алексис, поранешната сопруга на Блејк и негова најголема непријателка.
Но, освен што „Династија“ предизвика револуција во телевизиските програми, сликата за тоа како живеат богатите беше претставена и преку модата.
Телевизиското шоу изобилуваше со одлична мода од 1980-тите и кога е облеката во прашање, но и фризурите, модните додатоци, шминката...
Парчињата со големите и поткренати потполнки кои ги носеа Еванс и Колинс влијаеа и врз вкусот на широката публика...За изгледот на ликовите во серијата се грижеше костимографот Нолан Милер, кој всушност и го наметна тој тренд.
Всушност, Линда Еванс природно имала широки раменици, кои Милер дополнително ги нагласил со потполнки. Но, за да формира униформиран изглед, тој им ставил потполнки и на креациите на останатите актерки.
Во трендовите од 1980-тите спаѓаат и златните тонови и накит, како и украси.
Кога е косата во прашање, фризурите се најчесто совршено „истапирани“, независно дали се работи за кратка или долга коса, а шминката е драматична, со посебен акцент на очите.