Вистината за „Ѓаволот носи Прада“

22 јуни 2016

„Ѓаволот носи Прада“ е едно од омилените остварувања на многумина што уживаат да гледаат филмови со модна тематика.

Голема фама се крена откако се дозна дека филмот е правен по вистинска приказна и дека Миранда Присли (која ја толкуваше Мерил Стрип) е всушност лик инспириран од Ана Винтур.

И иако поминаа неколку години, оваа тема е сѐ уште актуелна. 

 Лорен Вајсбергер

Новелата по која е и направено остварувањето го носи истиот наслов. И покрај силниот збор во насловот, авторката Лорен Вајсбергер (39) воопшто не сакала да изгледа како да се одмаздува, а реакциите се кои се соочила го покажувале токму спротивното.

-Инспирацијата за книгата беше од моето искуство во „Вог“ и работењето со Ана Винтур. Секако, таа приказна јас ја надградив и ја хиперболизирав. Никогаш немаше да ја напишам книгата да знаев дека ќе има толку груби реакции на сметка на уредничката. Дали тоа ме вознемири? Да, и тоа многу! – вели авторката за „Тајмс“, која исто така додаде дека по заминувањето од „Вог“ никогаш повеќе не се слушнала со Винтур.

Вајсбер беше уште повеќе ставена во фокусот откако благајните почнаа одлично да заработуваат и Мерил Стрип и Ен Хетевеј се покажаа како одличен избор.

Инаку, Лорен напиша и второ продолжение на книгата „Одмаздата носи Прада“, но таа не доживеа голем успех, а не успеа ни да ја продаде за да се направи второ продолжение на филмот.

Сепак, кога е нејзиното реално искуство во „Вог“ во прашање, без елементи на фикција, ќе каже:

-Многу од студентите, тукушто излезени од факултет, ја имаат искусено истата суровост на учењето како и јас. Тоа е „обука“ за тоа да станете подготвени за светот и вашите амбиции, наместо да се најдете себеси како му „служите“ на „ужасниот“ претпоставен и ги правите „одвратните задачи“, како носење кафе или работење во канцеларија до полноќ. Сепак, чувствувам стравопочит кон способностите на Винтур како уредник, како и на неверојатната можност да работам за магазинот, да стекнам рутина и да влезам во светот што ги вклучува сите познати личности, преку спортски ѕвезди и претседатели – вели авторката на книгата.

Лорен е пред нови предизвици и тоа со најновата новела, во која зборува за светот на професионалните тенисери, насловена „The Singles Game“.

Поточно, се работи за приказните за животите на пет тениски ѕвезди. Дали и ова нејзинот пишано дело ќе биде екранизирано, останува да видиме.

 

Објавено:
22 јуни 2016
Категорија: 
Стории
Прочитано:
2.054 пати