Wonder Woman треска

22 јуни 2017

Култниот фиктивен лик на супер-хероината Жена Чудо или попозната од англискиот како Wonder Woman, креирана од Вилијам Марстон, по својот концепт, е Амазонка чиј карактер е инспириран од Амазонките во грчката митологија. Окарактеризирана како жена со надчовечка сила, супер-брзина, супер-издржливост и летечка способност, таа е воедно препознатлива по својата тактичка умешност и животинска итрина, а ја поседува и моќта на вистината со која секој нејзин заробеник е присилен да ја зборува вистината, а изгледот на хероината е надополнет со пар на неуништливи ракавици, тијара која служи како проектил, а поседува и невидлив авион.

DC Comics

Се појавувала во бројни стрипови, а Жената Чудо, кои многумина ја сметаат за физички најатрактивната супер-хероина, со текот на времето, се стекнала и со статусот на икона на феминизмот.
Покрај стриповите, нејзиниот карактер се прославил и на телевизиските екрани, во низа серии во 70-те години во улога на актерката Линда Картер. Денес после толку години, нејзиниот лик оживеа на филмското платно, конечно со филм напишан специјално за неа, во режија на режисерката Пети Џенкинс, а по сценарио на Алан Хајнберг. Супер-хероината е толкувана во главна улога на израелската глумица, Гал Гадот, која плени со својата убавина и токму така е, чудесната жена.

Wired

По појавувањето во филмот Бетмен против Супермен, Жената Чудо доби и свој сопствен филм. Возбудата и треската на фановите по филмот, не ги заобиколи и модните дизајнери, кои ја искористија можноста, преку своите вешти модни фантазии, повторно на сцена да го вратат полниот сјај на хероината, црпејќи инспирација од класиката на стрипот.

Па така, луксузните модни брендови како Стела Мекартни, Кензо, Ланван, Версаче и Карл Лагерфилд, меѓу останатите, презентираа pret-a-porter парчиња, односно веќе спремни за носење, инспирирани од самиот лик на Жената Чудо, на аукција која се одржува веќе 75 години по ред, а чии средства ќе бидат донирани на Фондацијата за поддршка на африканските жени.

Business Insider

Реномираните Луј Витон и Живанши веќе на пазарот, ја истакнаа својата продажба на предмети и парчиња инспирирани од супер-хероината, која според нив, на многу начини, е пионер, па вклучувајќи ја тука и титулата на модна икона. Таа на своите фанови, претставничките од понежниот пол им влева надеж, моќ и самодоверба, да се чувствуваат сигурни во себе и секогаш да бидат силни, а најмногу од се, по што филмот привлече внимание е потенцирајќи ја преку силна порака, еманципацијата на жените.

Автор: Елеонора Гоцевска, студент на УГД, Правен факултет

Објавено:
22 јуни 2017
Категорија: 
Стории
Прочитано:
208 пати
Тагови: 
Wonder Woman стрип