Запознајте ги најуспешните во модната индустрија помлади од 33 години

31 август 2013

Не е лесно да се создаде име во модната индустрија особено сега кога технологијата и финансиите овозможуваат лесен пристап и рекламирање низ целиот свет. Но тоа што се гледа како комплетен производ има историја за своето создавање, а ниту еден бренд не функционира без голем тим зад себе. Само најталентираните и упорни успеваат да го издржат големиот притисок, а кои се тие погледнете во продолжение.

Ерика Берман 32 години

Ерика успеа да влезе во тимот на Оскар де ла Рента и да го води PR секторот, а како ново лице со себе понесе 250. 000 следбеници кои верно ја следат нејзината работа.

Оливија Би, 19

Млада и успешна фотографка која започнала со изработка на слики уште од 11 години, а на 15 Конверс ја ангажираше за сликање на кампања. Нејзиното портфолио е богато, па токму затоа никој не ја потценува нејзината креативност.

Томоко Огура 30

Интересен факт е дека Томоко има диплома по економски студии, но нејзината прва работа била како асистент во Барнејс во Њујорк каде денес е извршен  директор.

Кара Делевињ, 21

Таа е моментално најбараната манекенка, односно наследничката на Кејт Мос. За само 21 година, нејзиното портфолио може да се каже дека е повеќе од богато.

Венеса Траина, 28

Венеса била модел за Луј Витон, била дел од модната куќа Шанел, соработувала со сестрите Викторија и Саманта и била муза на Александар Ванг и Џозеф Алтузара.

Мери Катранзу, 30

По отварањето на шоуто во Централ Сеинт Мартинс во 2008 година Мери реди само успеси. На модната недела во Лондон во 2011 година, лансираше колекција составена од мини фустани декорирани со слики од ентериери. Успешната колекција и донесе голем број соработки и голема заработка.

Александар Ванг, 29

Тоа што Ванг го има постигнато до сега, некои дизајнери нема да го достигнат за цел живот. Неговите креации и модни додатоци се продаваат во повеќе од 700 продавници ширум светот, а креативниот директор на Баленсијага се смета дека  ќе го промени курсот на модната историја.

Симона Роча, 26

Не е лесно да се издвоите од низата дизајнери кои секоја година завршуваат колеџ во Централ Сеинт Мартинс, но Симона се издвои по својата уникатност во комбинирањето на бои. Нејзината трета колекција за есен – зима 2013 беше инспирирана од нејзините баби кои се по потекло од Ирска и Кина. Бидејќи вдахна новина во модната индустрија, не остана незабележана, а нејзините креации ги обожаваат Рита Ора и Алекса Чанг.

Делфина Делетрес Фенди, 25

Во модните кругови има стекнато репутација за најдобар дизајнер за накит, а интересот за модата не е случаен ако се знае дека е правнука на Едоардо и Адел Фенди.

Ешли и Мери – Кејт Олсен, 27

Никогаш не ги потценувајте сестрите кои носат креации на Марк Џејкобс уште од нивната шеста година. Близначките кои светот ги запозна преку филмското платно успејаа да се изградат во успешни модни дизајнерки, остварувајќи голем број соработки и заработки мерени во милиони долари.

Емили Вејс, 28

Сопственичката на порталот „Into the Gloss“ успеа за кратко време да се прослави со уникатните содржини, а колку за информација има над 300. 000 посети месечно.

Џорџина Корен, 29

Доколку вашата репутација се заснова на фактот дека работите добро како Ен Лејбовиц, тогаш неоспорен факт е дека ќе имате успешна кариера. Нејзиното портфолио е богато со снимани едиторијали со Бијонсе, Кит Ричардс за Луј Витон, кампањи за компанијата Бракфелд, Диор, а најпозната е по сликањето на Јоко Оно за магазино Ел во 2012 година.

Алегра Версаче, 26

Империјата на Версаче е проценета на 2 милијарди долари, а Алегра многу добро знае како да ја искористи репутацијата на нејзиниот починат вујко Џани Версаче и нејзината мајка, Донатела.  Алегра работи на две места, во модниот бренд и како стилист во модното судио Версус.

Камила Ал Фајед, 28

Ќерката на египетскиот бизнис магнат Мохамед Ал Фајед добро знае како да го искористи богатството за да изврши влијание во модната индустрија. Иако нејзиниот татко минатата година го продаде Хародс, сепак Камила постојано соработува со разни брендови за дизајнирање на облека за бебиња и возрасни.

Леандра, Медин, 24

Започна со модниот блог „The Man Repeller“, а денес веќе покрај тоа што е успешна блогерка, лансираше и сопствена капсула колекција за Соперга.

Софија Аморусо, 29

Покрај тоа што изгледа фантастично, младата и успешна Софија го води бутикот „Nasty Gal“, кој во 2012 година оствари заработка од 100. 000 милиони долари.

Клер Дистенфелд, 27

Успешната продажба и градењето на репутација на успешен бутик е голем предизвик. Но сепак Клер успеа да создаде име во модниот свет, а стилот го смета како единство од сите компоненти во визуелниот свет.

Маргрет Мисони, 30

Лесно е да се биде дел од модната индустрија доколку некој пред вас веќе има создадено империја. Тоа се однесува на Маргерет која е внука на основачите на брендот Мисони, Розита и Отавио, а денес нејзината мајка Ангела е креативен директор во брендот. Маргарет реши да внесе новина во работата на модниот бренд со тоа што го прошири производството, креирајќи разни колекции очила за сонце, чанти и модни парчиња.

Натали Хазот, 29

Во февруари Натали која е поранешен моден уредник, го напушти местото на асистент стилист во ЦЛМ и започна да работи во Сен Лоран. Успешните проекти се причина таа да биде десна рака на Хеди Слиман.

Џена Елизабет, 26

Младата режисерка досега има соработувано со Канје Вест, Сен Лоран, Шанел Иман и Ерин Васон. Нејзината успешна работа го привлече вниманието на голем број модни брендови и селебрити, а последна на листата соработки е со Бијонсе.

Објавено:
31 август 2013
Категорија: 
Стории