Видео интервју со Крсте Јовановски - Актерот кој секогаш почнува од почетокот

Интервју со •
20 јануари 2015

„Времето не можеш да го мериш со ништо, едноставно тоа тече. Ние сме дел од тоа време и оставаме нешто зад себе, траги во просторот кои треба да сведочат за нашето битисување“.

Вака започна интервјуто со можеби единствениот актер кој секогаш почнува од почеток, Крсте Јовановски. Тој  оваа година слави 30 години од својата кариера, време исполнето со импозантна бројка на одиграни улоги кои пак,  претставуват  судбински патоказ на релација Велес – Струмица – Скопје. Ја имаше честа да ја каже првата реплика во Театар Комедија во  „Ах љубов моја неверна“, а одиграните повеќе од 100 улоги претставуват  битна алка  за  претставите на театарска сцена во земјата.

Негов предизвик е мигот на сцена да го претвори во вечност која нема да се коси со времето, туку едноставно ќе трае. За херој го избира Пинк Пантер, животното мото му е работа, работа и само работа, а за стравот вели дека е одраз на интелигенција. Во продолжение погледнете го видео интервјуто, и пишаната верзија со неколку куси прашања за актерот Крсте Јованивски.

Марлон Брандо или Џек Николсон?

-Дефинитивно Марлон Брандо, иако и Џек Николсон си има свои квалитети, но Марлон Брандо.

 

 Од што се плашите?

-Буквално од се, бидејќи стравот е одраз на интелигенција, но се плашам онолку колку што ми дозволува мојот ум и разум. Ако сакате да ви одговорам конкретно, се плашам од лаги, од лоши луѓе, од дволичност, од многу нешта кој човекот го прават да биде нечовек.

 

 Велес – Струмица – Скопје , патоказ или судбина?

-Судбина.

 

 Имате ли Ваш херој?

-Пинк Пантер е мој херој, затоа што е розов и е многу интересен.

 

Кое вашето животно мото?

-Да се работи, да се работи и да се работи.

 

Ако можете да промените една работа кај вашето семејство што би било тоа?

-Јас треба да се сменам, семејството да си има своја улога, а јас своја, да не ги мешам мојата професионална определба и она што е мое семејство, тие се две различни работи во принцип. Секое засебно си има свои законитости, семејството си има свои правила на игра, а театарот си има свои, иако ние понекогаш во театар на сцена играме и семејни улоги, но во принцип секогаш во театарот она што е го играме е она што не чини, како опомена за оние кои не гледаат, како не треба. Така да можеби комуникација.

 

Објавено:
20 јануари 2015
bool(false)