Меган Трејнор: Се борев со самодовербата

11 февруари 2015

Поп пејачката Меган Трејнор, која се здоби со голема популарност после хитот  All About That Bass, се најде на насловната страна на мартовското издание на Seventeen Magazine.

Низ содржините на магазинот е и нејзиното интервју, каде што зборува како таа се справувала со проблемот со вишокот килограми, тема што ја опејува и во својот хит. Тоа што многумина се препознаа во него, доведе и до неговата голема популарност.

Но, еве како Меган се справила со недостатокот самодоверба.

meghan-trainor-seventeen-magazine-march-2015-03

-Кога ќе видев своја фотографија, си велев: „Изгледам ужасно“. Никогаш не помислував дека ќе бидам поп-ѕвезда. Не изгледам како Ријана. Но, после излезе видеото за All About That Bass. Пеев за личен проблем, а во една пригода ми пријде девојка врескајќи и ми рече: Ти направи повторно да се чувствувам убаво. Ти благодарам!“. Во мене одекна фактот дека оваа девојка беше прекрасна, а не била свесна за тоа. Сè е до мозокот. Психички момент. Неодамна размислував: „Сега сум самоуверена и изгледам добро“, а тоа е поради тоа што почнав сè погласно да ги изговарам тие зборови. Сега, кога ќе видам фотографија од мене си велам: „О, Боже, зошто се мразев себеси. Изгледам неверојатно на фотографијата!“ – сподели пејачката.

SEV030115_016

Но, и покрај тоа што е задоволна со својот изглед сега, сè уште трага по вистинското момче:

-Знаев дека мојот живот ќе биде комплициран ако моите соништа да успеам во музиката се остварат. И знаев дека ќе морам да работам напорно за да ги достигнам и остварам тие сништа, па тие станаа приоритетни и доминантни. Па иако во средно училиште „лудував“, сега не сум бакнала момче сто години. Се убедувам дека вистинскиот ќе биде вреден за чекањето. Кога ќе го најдам сигурно ќе речам: „Затоа ти требаше толку долго! Затоа што си неверојатен!“ – искрена е Меган.

Објавено:
11 февруари 2015
Категорија: 
Сцена