Што да облечете денес?
•
13 февруари 2015
Иако деновиве имавме можност да уживаме во прекрасното сонце, тоа не значи дека зимата нѐ напушти! Во последните зимски денови, одберете сомотски панталони во крем боја и сив, топол и едноставен џемпер.
Покажете дека сте храбри и освежете ја оваа комбинација со рамни чизмички со животински принт, кои доколку се добро комбинирани никогаш нема да изгледаат кич!
Парка јакната е тотално ин и оваа сезона, а во комплет со британската „училишна чанта” ќе ви даде кул секојдневен, но модерен изглед.
Очилата за сонце се задолжителен моден додаток, а црвениот кариран шал е подеднакво важен!