Тренд аларм: Тексас комбинација за него!

19 февруари 2015

Денешниот тренд аларм е целосно составен од неодоливи тексас парчиња за него! Доколку ги заобиколивте подароците овој Валентин, сега е вистинско време да го израдувате пост – празнично.

Комбинацијата за денеска е составена од тренди фармерки со малку потесен крој што ќе ви дозволи да ги подвиткате кај глуждовите со што ќе изгледаат уште помодерно.

Драги наши момци, истите комбинирајте ги со тексас кошула со памучни сиви ракави, што и даваат спортска нота, со што таа е одлично парче за комбинирање.

Денешниот изглед заокружете го со супер чевли од превртена кожа во темно кафена боја со интересни сини врвки.

Ви посакуваме успех во освојувањето девојки!

Објавено:
19 февруари 2015
Категорија: 
Тренд