„Километар коса“ за заболените од рак

11 март 2015

hair-cut-scissors

Акцијата насловена како „Километар коса“ е развиена во светски рамки, но од неодамна стана вистински хит во нашето блиско опкружување. Се работи за донирање природна коса, од која потоа се изработуваат перики за заболените од рак.

Тамара Којиќ и Марко Мак Пантелиќ се млади уметници кои дојдоа на идеја да направат такво нешто и во Србија.

-Идејата се роди пред година и пол, кога одлучив да ја скратам мојата долга коса, до раменици. Тогаш помислив дека би било бев врска само да ја фрлам косата. Затоа се сетив дека постојат луѓе кои не можат да имаат коса, знам дека поради тоа се дискриминирани, дека нерадо излегуваат од дома, дека се општествено неактивни, затоа што ни другите, а ни самите не можат да се прифатат без коса. Сето тоа се однесува и на децата, не само на возрасните и затоа јас и Тамара одлучивме да им помогнеме. Нашата примарна целна група се девојчиња и девојки од 12 до 22 години, затоа што во таа возраст личниот естетки момент е можеби најважен, но перики и ќе обезбедиме и за помладите деца, како и за момчињата што ќе се пријават – објаснува младиот актер Марко, за српскиот портал Мондо.

10991298_782571065161338_2644373681192038522_n

Понатаму, тој објаснува зошто ја одбрале токму таа старосна група:

-Старосната група која ја одбравме најмногу пати од губитокот на коса, затоа што кај нив, како што покажува статистиката, сè се случува многу брзо – кога ќе откријат дека имаат тумор или боледуваат од рак, леукемија или некое заболување поради кое мора да одат на хемотерапија, за само седум дена почнуваат да губат коса. Тоа е радикална промена која може  драстично да влијае по прашање на личниот идентитет – објаснува Пантелиќ.

Акцијата „Километар коса“, која за сега е во т.н пробен период, се промовира исклучиво преку социјални мрежи, а за сега учествуваа голем број на луѓе и преку 30 фризерски салони од речиси сите градови во Србија.

-Одѕивот е феноменален! Уште во периодот пред кампањата собравме неколку метри коса и многу сме среќни поради тоа. Затоа што, нашата цел не е само да собереме километар или повеќе коса, туку да ги анимираме луѓето и да влијаеме на нивната свест во врска со овој проблем. Се работи за километар социјален ангажман и стотици километри хуманитарна свест која сакаме со оваа акција да ја негуваме.

10986970_783425198409258_3401582280258484491_n

Како вели оваа двојка, поголем број од донаторите се девојки, но има и мажи, деца, свештени лица. Најчестите донатори ќе бидат и наградени, како и оние што ќе донираат најдолга коса. Веќе има девојка што ќе даде дури 80 центиметри коса. Сите што донираат коса, добиваат и благодарница.

Упатства за донирање коса

-Минимална должина на донацијата е 15цм, од еден до друг крај на секое влакно. Девојчињата генерално сакаат да носат долга коса, така што горната граница на должината не постои

-Косата може да биде во опавче, плетенка или да биде цврсто врзана со ластиче при врвот

-Во обѕир доаѓа само природна или бојадисана коса, но не онаа на која е користен бланш, ниту коса која е повеќе од 5 процента седа. Седата коса може да се користи само во случај претходно да е бојадисана

-Степенестата коса може да биде искористена, доколку најкусата должина на влканото е минимум 15цм

-Уверете се дали косата во целост е здрава и сува при донирањето. Мократа коса не може да биде искористена, како ни онаа која на краевите е „расцветана“. По можност, косата треба да биде што почиста при донирањето.

-Брановидната и косата со кадрици може да се израмни за да се измери потребната минимална должина за донирање

-Ако чувате претходно скратена коса, таа може да се искористи, доколку е чувана на веќе споменатиот начин (опавче, плетенка или прицврстена со ластиче)

o-HAIR-CUT-facebook

-Косата собрана од под не може да биде искористена

-Истрижаната коса (со машинка), која не е врзана на споменатите начини, не може да биде искористена. Во тој случај, потребно е косата да се подели на повеќе опавчиња и да се сечат еден по еден пред финалното кратење

-„Суканици“, екстензии и синтетичка коса не можат да се искористат

На прашањето, дали донаторот може да остане анонимен, Марко вели:

-Може, но благодарницата со личните податоци ја осигурува нашата кампања од злоупотреба, со оглед на тоа дека косата е своевидна монета која на пазарот може да чини многу пари. Ние сакаме луѓето да ни веруваат дека нивната хуманост нема да биде изиграна. Затоа сè е така траспарентно.

Истрижената коса може да се прати и по пошта:

-Ако се одлучите дома да се истрижете, тогаш потребно е прво добро да ја измиете косата и да ја исушите, да ја врзете во опавче и да ја исечете над ластичето. Исто така, можете да ја скратите на фризер кој не е на нашиот список (а каде оваа услуга е бесплатна). Важно е косата да е чиста, да ја спакувате во плико, да ги напишете своите податоци доколку сакате и да ја пратите на адресата на организација NURDOR во Белград, Нови Сад или Ниш и да не известите на Фејсбук профилот или Твитер. Ние таа коса ја собираме и ја носиме на нашиот тим експерти за влакна. Готовите перики ги праќаме во организацијата, затоа што тие имаат контакт со онколошките болници и ги пронаоѓаат пацинетите на кои им се потребни периките. Потребно е околу четири недели за да се изработи една перика, затоа не можеме да сметаме на некоја брза продукција. Веќе имаме 10 деца кои аплицираа за помош и планираме до крајот на јули да ги испорачаме првите перики по мерка – објаснува младиот актер.

Hair-Donation1

Инаку, сите што ги интересира, косата на човекот на годишно ниво во просек расте за 18цм, што значи дека еднаш годишно можете да донирате коса.

За сите дополнителни информации можете да се обратите на организаторите на нивната фб-страна или профил на Твитер.

Инспиративно.

Објавено:
11 март 2015
Категорија: 
Убавина