Што да облечете денес?
•
24 март 2015
Не дозволувајте овој облачен ден да ви ги уништи плановите за цветна комбинација! Денеска носиме кусо цветно здолниште и го комбинираме со топло џемперче во темно зелена боја што одлично ќе се вклопи во комбинацијата. Одберете хулахопки во боја на кожата и рамни балетанки во кафена боја. Слатката „училишна“ чанта денеска е во иста нијанса како и балетанките, а од модни додатоци единствено со себе понесете го вашиот омилен часовник.
Имајте прекрасен и исполнет вторник!