Карин Ројтфелд се потсетува на нејзините манекенски години

12 јули 2013

 

За најновиот број на списанието V списание, познатата стилистка и модна уредничка Карин Ројтфелд стилизираше моден едиторијал инспириран од себеси! Како што може да се сетите, поранешната уредничка на француски Vogue во своите тинејџерски години работела како манекенка во Париз, иако таа го отфрлаа тоа искуство.

 

 

„Не бев голема ѕвезда, ме букираа само за тинејџерски списанија“, вели Карин. Но како „стајлиш“ девојка од буржоаско семејство таа веројатно изгледаше покул од нејзините врснички.

 

 

За едиторијалот во магазинот V фотографиран од Себастијан Фаена, Карин манекенката ја облече во тинејџерски стил и вметна елементи однејзиниот стил и парчиња со ликови од Дизни. „Бев опседната со Мики и Мини Маус. Постоеше една продавница во Париз наречена Western House која увезуваше роба од САД и таму ги наоѓав моите парчиња од Дизни“, се потсетува Карин.

 

 

Погледнете ги фотографиите од деновите кога работеше за агенцијата Model Promotion (оддел на Elite) и потоа кликнете на галерија за да го видите модниот едиторијал „Sweet Sixteen“ реализиран за V Magazine.

 

 

Објавено:
12 јули 2013
Категорија: 
Актуел