Салон за убавина „Мелиса“: Кога жената е негувана, тогаш е полна со самодоверба

Интервју со •
9 април 2015

Жената носи посебна енергија и е најубава тогаш кога е задоволна со себе. Затоа, во ова современо живеење кога слободното  време е луксуз, многу значајно за секоја жена е добро да го организира текот на денот и секогаш да одвои барем минимално време за себе.

Секојдневната нега на духовната и телесната убавина имаат долгорочен ефект, а тоа е жена полна со самодовоерба што е еден од клучните фактори за успех на секое поле.

На таа тема разговаравме со Даниела Дикоска, сопственичка на Салонот за убавина „Мелиса“ која благодарение на своето лично искуство и секојдневниот контакт со нејзините клиентки, ни открива колку современите жени внимаваат на својот изглед, колку се негуваат, на што посветуваат најголемо внимание, но и кои се актуелните трендови за убавина.

„Салонот за убавина „Мелиса“ постои од 2010 година и нуди комплетни третмани за разубавување на жените. Во еден пријатен  и релаксиран амбиент,  нашите клиентки го добиваат целото внимание. Од маникир и шминка  до релаксирачки масажи,  буквално се задоволени сите оние финеси кои ги вклучува негата на една современа жена“, вели Даниела која топло не’ пречека во работна атмосфера во нејзиот салон лоциран во скопската населба Кисела Вода.

Со оглед на нејзиното повеќегодишно искуство во овој бизнис, ја прашавме Даниела и кои третмани најчесто ги бараат современите дами.

„Реално жените во овој современ и динамичен животен тек, многу ретко имаат слободно време за себе. Затоа максимално знаат да го искористат тој скапоцен момент. Најчесто имаат потреба од релаксирачка масажа на телото, а ние професионално сме квалификувани да одговориме на нивните потреби. Исто така многу е популарен и маникирот кој вклучува еден широк креативен израз во дезенирањето на ноктите“, ни посочи нашата домаќинка.

Таа додава дека за дизајнот за маникир најчесто се инспирира од нејзините клиентки, од нивниот темперамент и харизма, но секако ги почитува и нивните барања или конкретната пригода за која е наменет маникирот. Секако дека покрај нејзниот автентичен пристап, исто така ги следи и модните тенденции во однос на нејзината бранша па често ги имплементира и надоградува во нејзината програма.

Ние бевме сведоци на вистинската уметност што ја создава Даниела креирајќи ги уникатните дизајни кои навистина бараат несебично креативно вложување и ослободување на фантазијата. Од едноставен и елегантен француски маникир до таков со украсни елементи, нијансирање во повеќе тонови или со графички принтови – едноставно воодушевува начинот на кој таа работи како и самиот резултат.

Ја искористивме можноста да ја прашаме сопственичката на салонот, кои се моментално најактуелните трендови за убавина. А, во пресрет и на периодот на матуриски забави и свадби, исто така побаравме од нејзе совет за идните невести и матурантки.

„Многу е значајно секоја жена да се негува континуирано. Така нејзината кожа и лице секогаш ќе бидат свежи и чисти, па кога ќе дојде до таков значаен период од животот како што е свадбата, многу е едноставен целиот процес на разубавување кој секако вклучува и невестинска шминка. Но, она на што ние особено посветуваме внимание е секогаш да го задржиме природниот изглед на жената и да ги потенцираме сите нејзини атрибути.  Особено тоа им го препорачуваме на матурантките, кои треба само да ја потенцираат нивната младост и свежина. Затоа користиме пастелни тонови и природни бои со цел девојките да изгледаат свежо и како што им доликува на возраста“, советува Даниела.

Покрај нејзиното искуство во оваа сфера, Даниела постојано професионално се надоградува честопати посетувајќи различни семинари со кои дополнително се кавилфикува во својата работа и сите новитети во оваа област ги спроведува и во работата на салонот за убавина „Мелиса“.

Во продолжение преку фотографија ви пренесуваме дел од префинетиот амбиент на овој салон за убавина, но исто така кога ќе ги разлистате овие фотографии сигурно ќе добиете и дополнителна инспирација за вашиот нов пролетен маникир.

Спонзорирана објава

 

 

Објавено:
9 април 2015
bool(false)