Едноставна маска за лице што ја користат холивудските ѕвезди

15 април 2015

Сега кога конечно пролетта пристигна во нашиот град, време е да се разгалиме себеси со прекрасни третмани на лицето и кожата! Она што е особено супер овојпат, е тоа што следнава маска за лице може да си ја направите многу брзо и лесно и тоа во домашни услови.

Наместо скапи креми, серуми и маски за лице, ви предлагаме да ја пробате оваа одлична маска за лице чиј рецепт е многу едноставен, но неверојатно делотворен.

Бананите, медот, јогуртот, млекото и маслиновото масло се само некои од намирниците што супер делуваат на вашето лице, но овојпат ние ви предлагаме уште поедноставна маска со само две супер намирници.

Денеска, правиме маска од пченкарно брашно и јајце која покрај тоа што тотално ќе ве опушти, ќе направи лицето да ви биде неверојатно мазно и нежно.

Подготовка:

Во еден длабок сад добро измешајте две лажици пченкарно брашно и едно јајце. Оваа смеса нанесете ја на лицето и оставете да делува 15 минути. Откако ќе помине потребното време, со млака вода нежно избришете го лицето, па добро измијте го со ладна вода. Јајцето е одлична состојка во маските за лице бидејќи содржи албумин, супстанца богата со аминокиселини кои го затегнуваат површинскиот слој на кожата, но и делува благопријатно на ублажување на брчките и затворање на порите.

Објавено:
15 април 2015
Категорија: 
Убавина