Безвременски накит од „Amorini“ за комплетна убавина на жената

Интервју со •
23 април 2015

Целосно е кога има се’, а совршено е кога вашиот изглед ќе го заокружите со впечатлив накит.  Комплетната слика на една жена секогаш е финиширана со изборот на модни додатоци кои зборуваат за нејзиниот карактер, стилско чувство и естетика. Затоа, изборот на уникатен накит е секогаш исклучително значаен дел во имиџот на современата жена.

„Amorini Jewelry“  е релативно нов бренд на македонскиот пазар што на нашите девојки и жени им нуди богат избор на уникатен накит што ги задоволува и највисоките естетски критериуми. Имавме прилика да го посетиме нивниот продажен пулт во City mall Скопје на првиот кат, каде пријатно бевме изненадени од неодоливата понуда на софистициран накит и уникатните сетови украсени со Swarovski кристали.

„Брендот постои две години, а нуди специјално селектиран накит увезен од Италија, Америка, Сингапур, Тајланд, Турција...Се работи за сребрен накит (Silver 925), и во помала количина медицински челик, во комбинација со Swarovski кристали, драги камења, циркони (CZ) и микробрусени циркони, маркизет, морски природен бисер, кожа, Rodium, 14K позлата итн...“, велат од Amorini.

Уникатниот дизајн на накитот и имплементацијата на богати украсни детали, го прават накитот на „Amorini“ посебен и неповторлив.

„Имаме голем избор на накит, кој може да задоволи вкус и џеб за секоја возраст, различни желби и потреби. Нудиме се она што е трендовско, но и безвремено... Голем е изборот и на боја, дизајн, но и квалитет за добра цена! Најголем дел од накитот е уникатен, сакаме често да внесуваме новини и помал број на парчиња, за да не се случува повторување кај купувачите, туку да им понудиме уникатно парче накит кое се одлучиле да го купат за себе или да го подарат на блиска личност. Секогаш размислуваме за нашите клиенти кои сакаат на себе да имаат нешто уникатно и вредно“, додаваат нашите соговорници од „Amorini“.

Елегантни и женствени сетови од ланчиња и обетки, колоритни украсни камења, сребрен накит, впечатливи и масивни ѓердани, нараквици во голем избор на форми и дезени, квалитетни рачни часовници, се само дел од богатата понуда на брендот. Сепак, за овој период од годината, побаравме одговор од „Amorini“ кои се носечките трендови за оваа пролетно-летна сезона кога се во прашање модните додатоци.

„Во однос на боите, моментално најактуелни се зелената, мастило, тегет и циклама особено кога станува збор за сребрениот накит со Swarovski кристали. Пролетните, интензивни бои доминираат кај облеката, па така и во накитот. Белиот кристал никогаш не излегува од мода, а маркизетот и родираниот накит е безвременски, со голема вредност. Особено трендовски се поголемите и повпечатливи рачни часовници, или пак оние часовници со истакнати детали“, советуваат од „Amorini“.

Бидејќи овој период од годината почнуваат и подготовките за матурските и апсолвентски забави, а веќе се во тек и венчавките, неизбежно беше да побараме совет и за матурантките и идните невести.

„Накитот зборува за личноста, за карактерот, дел е од надворешната убавина изгледот на една девојка/жена, па затоа им препорачуваме секогаш да избираат уникатни парчиња и квалитетен накит. Во тренд се светкави, впечатливи и колоритни дизајни. Секоја жена заслужува убаво, квалитетно и уникатно парче накит. Експериментирајте и носете го накитот со љубов и достоинство“ порачуваат од „Amorini“.

Доколку на вашиот стил му недостасува уникатно и неповторливо парче безвременски накит што ќе раскажува лична и само ваша приказна, тогаш веќе знаете каде го имате вистинскиот избор.

Спонзорирана објава

 

Објавено:
23 април 2015
bool(false)